Еден Јапонец по име Хитоши Ватанабе напишал книга на тема “Како ослабев 18 килограми благодарение на бананите”.

Самиот ја осмислил оваа диета лично за себе, но како што тој вели во книгата, принципот го извлекол од научно докажани методи.

Имено, она што е најважно во неговата диета, е бананите да се консумираат со топла вода. Ваквата комбинација има способност да го забрзува метаболизмот.

Па така, за појадок се јадат 2-3 банани и се пие чаша топла вода. За другите оброци тој вели дека може да бидат по сопствен избор, но правилото да не јадете после 18 часот не смеете да го прекршите.

Значи, јадете банани за појадок со топла вода, може да ги јадете и во текот на денот, исто така со топла вода, но никако не смеете да јадете после 18 часот. Ако не можете да издржите, подобро е порано да си легнете – така советува Ватанабе.

Оброците што ќе ги имате помеѓу бананите, се препорачува повеќе да бидат здрава и умерена храна, а помалку фаст фуд, пржена, масна и високо калорична. Значи, доколку сакате да ослабете, внимавајте малку на исхраната, а бананите со топла вода ќе си го постигнат својот ефект.

Нутитивни вредности на бананите

Сировите банани содржат 75% вода, 23% јаглехидрати, 1% протеини и занемарливи количини на липиди. Сто грама банани имаат енергетска вредност од 89 калории и се богат извор на витамин Б6, кој обезбедува 31% од препорачаната дневна вредност. Исто така, содржат умерена количина на витамин Ц, минерали и диетални влакна.

Според британските и италијанските научници, треба да јадете една банана за појадок, една за ручек и една за вечера, па на тој начин ќе му обезбедите на организмот доволно калиум. Со тоа се намалува ризикот од создавање на тромбови и крвни згрутчувања во мозкот за 21%, што воопшто не е малку.

Студијата објавена во Journal of American College of Cardiology упатува на тоа дека мозочниот удар во повеќето случаи може да се спречи, па дури и да се намали поради нивото на калиум кој се наоѓа во некои намирници како што се бананите, рибата, спанаќот и леќата.

Истражувачите откриле дека дневниот потребен внес на калиумот кој ќе го спречи ризикот од мозочен удар изнесува од околу 1600 мг. Просечна величина на една банана содржи околу 500 мг, па така, три банани дневно може да го намалат крвниот притисок и да помогнат во правилно функционирање на мозокот.