За овој тест кој кружи на Интернет се вели дека потекнува од Тибет и дека лично го составил Далај Лама.

Дали е вистина или не, не знаеме, но за тестот велат дека е точен. Дури, и многумина тврдат дека им се исполнила замислената желба…

Одговорете на три прашања, а одговорите би можело да ве изненадат.

Не постојат точни и неточни одговори, станува збор само за забавен психолошки тест кој треба да ви открие малку повеќе за вашата личност, вашите приоритети во животот, за оние работи што сте ги потиснале во потсвеста…

Пред да започнете да го решавате тестот треба да си замислите некоја конкретна желба!

Напомена: Бидете чесни и немојте да мамите при одговарањето на прашањата. Умот е како падобран, најдобро функционира кога е отворен!

Ова е забава, но сеедно посветете се внимателно на одговарањето на прашањата.

Одговарајте сами, без туѓи дофрлања и влијанија. Има само три прашања и ако ги погледнеш одговорите пред да заврши тестот, резултатите нема да бидат веродостојни.

Значи, бидете искрени!

Тестирањето нека биде без брзање и завршете го секој одговор целосно, пред да преминете на одговарање на следното прашање.

Не се враќајте назад, не се премислувајте. Земете хартија и пенкало, па забележувајте ги своите одговори. На секое прашање давате само по еден одговор. Чувајте го листот, ќе ви биде потребен до крајот на тестирањето.

Правата работа која ќе ви дојде на ум, обично е вашиот најдобар (вистинскиот) одговор.

Запамтете: Никој не треба да ги види вашите одговори освен вас.

Дали си замисливте желба?

1. ПРАШАЊЕ

Подредете ги следните пет животни по ред од најдрагите до најмалку омилените:

  1. крава
  2. тигар
  3. овца
  4. коњ
  5. свиња

2. ПРАШАЊЕ

Напишете по еден збор која го опишува следното:

  1. куче
  2. мачка
  3. глушец
  4. кафе
  5. море

3. ПРАШАЊЕ

Сетете се на некои личности кои добро ве познаваат и ви се важни во вашиот живот, а можете да ги поврзете со една од следните бои. Не го повторувајте двапати својот одговор. На секоја боја додадете само една личност:

  1. жолта
  2. портокалова
  3. црвена
  4. бела
  5. зелена

4 ПРАШАЊЕ – ЗАКЛУЧНО

Напишете го вашиот омилен број и омилениот ден во седмицата.

ГОТОВИ СТЕ?

Ве молиме бидете сигурни дека вашите одговори се точни и дека вашата желба е навистина она што го посакувате.

ОДГОВОР НА 1.ПРАШАЊЕ

Вака сте ги опишале приоритетите во животот:

Крава означува КАРИЕРА

Тигар означува ГОРДОСТ

Овца означува ЉУБОВ

Коњ означува СЕМЕЈСТВО

Прасе означува ПАРИ

ОДГОВОР НА 2.ПРАШАЊЕ

Вашиот опис на кучето, го означува вашиот карактер.

Вашиот опис на мачката, го опишува карактерот на вашиот партнер.

Вашиот опис на глучецот, го опишува карактерот на вашите непријатели.

Вашиот опис на кафето, опишува како ја доживувате љубовта.

Вашиот опис на морето го прикажува начинот на вашето живеење.

ОДГОВОР НА 3.ПРАШАЊЕ

Жолта: Некој кого никогаш не го заборавате.

Портокалова: Некој кого можете да го сметате за вистински пријател.

Црвена: Некој кого вистински го сакате.

Бела: вашата сродна душа.

Зелена: Тоа е личноста која ќе ја памтите до крајот на вашиот живот.

4-ЗАКЛУЧНО

Овој интригантен тест споделете го со толку пријатели колку што ви е и омилениот број, а вашата желба ќе биде исполнета во денот на седмицата кој го запишавте…

Пробајте и вие…