Секојпат се шокираме од злото кај некои луѓе и нивната способност да им наштетат на другите луѓе. За жал, честопати сме сведоци на бројни случаи каде жртви на насилство се дури и бебиња.

Ова е еден таков случај. Не можеме ниту да замислиме како некој може да биде во состојба да повреди едно толку беспомошно суштество.

Овде станува збор за 31-годишна дадилка, Анастасија Жељабова која физички го злоставувала осуммесечното бебе кое го чувала. Имено, мајката на бебето Елена Левендеева, забележала дека бебето секој ден се повеќе и повеќе плаче. Чудно се однесувало.

Се посомневала дека Анастасија нешто прави, па поради тоа поставила скриена камера. Не можела да верува кога ја подоцна ја погледнала снимката. Оваа дадилка го тепала кутрото бебе, го удирала по лицето, му го затнувала носето за потешко да дише, па дури и го фрлила на под.

Замислете ова му го правеле секој ден, па можела и да го убие. Мајката како и сите останати била шокирана. Анастасија е казнета. Погледнете го видеото зошто треба да бидете внимателни околу изборот на дадилката. Добро проценете го човекот на кој ќе му го доверите вашето дете.

Погледнете ја снимката и кажете ни го вашето мислење: