Германско-американскиот „татко“ на сировата исхрана и автор на книгата „Живеење без болести“, Ернст Гинтер еднаш објави интересен рецепт за третман на артритис, гихт, ишијас, ревматизам и други воспалителни и б олни состојби во зглобовите, колковите, прстите на раце и нозе, колена и болна пета (трн во петата).

Лекот се состои од облоги што ги ставате на болни места и дејствуваат директно на местото каде што се манифестира проблемот.

Потребни состојки: компир, црвен кромид и ленено семе.

Постапка: потопете една полна лажица ленено семе во 200-300 мл вода. Варете ја водата околу десет минути додека семето да направи скробна смеса, односно смесата да стане слузава.

Измијте го компирот/компирите и изрендајте ги заедно со кората. Изрендајте и една главица црвени кромид со средна величина. Кога ќе се олади водата со лененото семе, додајте го кромидот и компирот и измешајте сè добро. Исцедете го вишокот течност од смесата.

Доколку станува збор за проблеми со прстите на рацете и нозете, ставете ја смесата во стари ракавици или во стари чорапи, па облечете ги и ставете најлонски кеси кои ќе ги врзете за да не може да излегува вишокот течност.

За други делови од телото како што се колковите, ‘рбетот, ребрата, колената итн. предлагаме прво да ја завиткате смесата во газа и да ја ставите на по-годената област, а потоа да ја завиткате целата површина со завој или про проѕирна фолија за домаќинство што цврсто ќе ја држи смесата ставена како облога на по-годената област.

Овие облоги треба да се ставаат навечер, односно да делуваат за време на спиењето, и да се фрлаат наутро. Откако ќе се отстрани облогата, мнестото измијте го со вода и сапун.

Доколку кромидот евентуиално ви ја иритира кожата, односно предизвикува црвенило, тогаш кожата претходно кожата премачкјате ја со некој масен крем или маслиново масло, или пак, може да го зголемите слијот на газата.

Истовремено со употребата на овие облоги однадвор, потребно е редовно да се користи ленено масло на дневно ниво, кое ќе делува одвнатре. Се пие по една супена лажица ленено масло наутро на гладно.

Постапката ја повторувате секогаш кога можете сè додека смесата да ја „извлече“ болеста од телото.

Иако овој рецепт не потекнува од нашите краишта, тој се базира на традицијата која кај нашите народи е позната уште од древно време во форма на облоги од кромид и компир за разни воспалителни состојби.

Затоа, на сите кои имаат некои од горенаведените проблеми им се советува да го испробаат овој природен метод за решавање и олеснување на тегобите.