Хелда: за слабеење, за гастрит, анемија, кожни болести, за мозок, склероза на крвни садови, дијабетес

Помага при срцеви заболувања, го намалува нивото на холестерол во крвта. Затоа, колку можете повеќе треба да ја консумирате. Покрај тоа, го чисти организмот и помага во правилно и здраво слабеење. Добра е за мозокот и за подобрување на неговите функции. Хелдата е многу здрава.

Еве како можете да ја консумирате:

Купете хелда (пропржени зрна). Навечер прелијте со зовриена вода, процедете ја водата, па повторно прелијте со зовриена вода.

На една чаша хелда во зрно се става 1,5 чаша вода. Поклопете и оставете да кисне преку цела ноќ (без понатамошно готвење).

Loading...

Следниот ден таа ќе биде набубрена и ќе можете да ја јадете.

Со хелдата се препорачува консумирање на доста кефир. Секако, потребно е здраво да се храните и во остатокот од денот.

Јадете ја вака околу две седмици, па направете пауза од неколку дена. Бидете поздрави, а покрај тоа и полесно ќе ослабете.

Хелдата почнала да се одгледува уште пред 4.000 години во Индија и Непал. Била многу отпорна на студ, па почнала да се одгледува во повеќе земји, на исток-во Кина, Јапонија, Кореа, па се до далечниот Исток, а на запад-Ками, Сури.  Се проширила и кај словенските народи и во IX-X век стигнала и во Русија каде станала главна храна.

Од хелда се прави каша, палачинки, а се користи и за приготвување на чоколадо и чоколадни производи. Богата е со калиум, фосфор, бакар, цинк, бор, јод, никел, кобалт, како и лимонска и оксална киселина, витамин Б1 и Б2, РР никотинска киселина, фолна киселина.

Белковините што се содржат во хелдата се многу поквалитетни од тие во другите зрнести култури. Хелдата е одличен медоносец. Од еден хектар земја посадена со хелда може да се добие до 100 кг ароматичен, густ, темно-кафеав мед.

Кашата од хелда словените одамна ја користеле во народната медицина. Се препорачува против пореметување на дигестивниот тракт, бубрежни болести, кај слабокрвост, нервни растројства и кај покачен холестерол во крвта, кај мажите помага при намалена полова потенција.

ЖЕШКИ ОБЛОЗИ И МЕЛЕМИ

Од брашното од хелда се прават топли облози и мелеми, кои се користат при кожни болести и акни.

Во машина за кафе се мелат зрна од хелда и се мешаат со мала количина мед. Доколу смесата е многу густа се додава 1-2 супени лажици вода или пченкарно масло. Треба да се добие смеса слична на павлаката. Смесата се нанесува на лицето и се држи 15-20 минути, а потоа маската се мие со вода во која се додава малку јаболкова киселина.

Третманот може да се прави на секои 7-10 дена. Набрзо потоа почнуваат да се забележуваат промени: кожата е затегната и прочистена, ги снемува акните и ги затегнува порите.

СКЛЕРОЗА НА КРВНИ САДОВИ

1 мало лажиче хелда се вари во 500 мл вода, се остава во добро затворен сад 2 часа, а потоа се процедува.

Се пие по ½ чаша 3-4 пати на ден

НИСКО НИВО НА ХЕМОГЛОБИН

Современите лекари-диетолози не само што препорачуваат да се јаде каша од хелда кај анемија (ниско ниво на на хемоглобин во крвта) туку препорачуваат и користење на цвет од хелда.
Процветани врвови од хелда и лист од коприва се мешаат во иста количина.

Три лажици од смесата се става во 2 шолји зовриена вода, се остава да отстои 3 часа и потоа се процедува.

Во текот на денот треба да се испие целиот чај во 3-4 наврати, 20 минути пред јадење.

Третманот трае 6-8 седмици.

ГАСТРИТИС

Кашата од хелда се користи против гастритис и чир на желудник и на дванаесетпалечно црево.
Кашата делува пријатно на желудникот, а организмот доста брзо ја дигестира, одлично ја вари и апсорбира, истовремено организмот прима се што му е потребно за нормална работа:

избалансирана природна комбинација на белковини, масти и јаглени хидрати, добар извор на витамини и минерали.

ДИЈАБЕТЕС

Кашата од хелда е незаменлив во диетите на дијабетичарите. Зрната од хелда треба да се измијат во вода и потоа да се исушат во рерна и потоа да се пржат во тава без никаков додаток додека не се добие темнокафеава боја.

Потоа да се сомелат во млин за кафе. Потоа лажица од брашното се меша со кисело млеко. Оваа мешавина се користи 2 пати на ден, половина час пред појадок и ужина.

2 лажици брашно од хелда со 1 лажица масло се пропржуваат додека да добие темна боја.
Се додава 1-2 чаши вода и се вари на тивко додека смесата да згусне, па се додава сол по желба. Се добива одличен сос од хелда.

Loading...