Оваа намирница успешно го успорува стареењето, се користи за приготвување на разни теста но и како зачин за месо и зеленчук. Во светот е познат како тахини, паста која се приготвува од мелен и печен сусам, а од семките се прави и млеко.

Познато е дека Асирците, Вавилонците и старите Египќани го користеле како лек против ќелавост, зуење во ушите и ишијас, а денес е основна состојка за печива, намази и слатки.

Магичните зборови кои ги изговара Али-баба:”Сезаме, отвори се!” се инспирирани од сусамовите мешунки кои кога созрева семето, тие се отвораат експлозивно.

ГИ ЈАКНЕ НЕРВИТЕ

Поради високата концентрација на фитостероли, кои според хемиската структура се слични на холестеролот, е моќен регулатор на маснотиите во крвта.

Покрај тоа, фитостеролите можат да го намалат ризикот од појава на карцином и да го подобрат имунитетот. Маслото од сусам е идеално за превенција од создавање на тромб, а поради лецитинот кој многу позитивно делува на нашиот нервен систем се препорачува при чувство на умор, депресија а и докажано е дека поради присуството на магнезиумот го намалува ризикот од силни мигренски главоболки и го нормализира спиењето.

ЧИСТАЧ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Иако е тежок за стомакот, треба да се јаде, но повремено кај оние со чувствителен стомак, бидејќи е многу успешен чистач на органите за варење.

Семето од сусам можете да го пропечете или пропржите на тивок оган. Покрај тоа, многу е делотворен кај опстипација, нередовна столица и ги елиминира сите цревни паразити.

За лекување на хемороиди нема подобар лек од пастата која сами можете да си ја направите: помешајте лажица мелен сусам со две лажици вода и лажичка путер, па намачкајте на тост-леб.

ЈА ЧУВА КОЖАТА И КОСКИТЕ

Делотворен е за воспаленија и болки кај ревматоиден артритис и остеопороза, но оние кои немаат во организмот доволно калциум им се советува да консумираат смеса од две лажици сусам и 50 мл бадемово млеко. Ова треба да се јаде секое утро на празен стомак.

Сусамот е добар за кожата, бидејќи спречува појава на бактерии, габички и акни, а освен тоа ја поттикнува и работата на кожните хормони, ефикасно ги намалува лузните, лекува сува и успешно ја штити осетливата кожа.