Треба да го испробате рецептот за вкусен ролат од превртено јаболко – прекрасен вкус, мек бисквит, мирисен гил од свежи јаболка…

Комбинација кој ниеден љубител на слатките не може да и одолее. Рецептот е навистина многу лесен и едноставен, се приготвува за 15-тина минути, а интересно е што тестото и гилот ги подготвувате истовремено:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г брашно, 120 г шеќер, 3 јајца, 1 лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка), 1 кесичка ванилин шеќер. ЗА ФИЛ: 4 јаболка, 2 лажички шеќер, цимет по вкус, 1 лажица лимонов сок. За наросување шеќер во прав.

ПОСТАПКА: Измијте ги јаболката со ладна вода, излупете ги, па изрендајте ги на крупната страна од рендето.

Одозгора наросете со две лажички шеќер (или по вкус), па промешајте за еднакво да се распореди и растопи. Доколку сакате, можете да наросите и малку лимонов сок за да не потемнува јаболкото.

ЗА БИСКВИТ: Во подлабок сад скршете три јајца, па додајте 120 г шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. Изматете со електричен миксер додека јајцата да згуснат, шеќерот да се растопи и да добиете густа смеса.

Во 120 г брашно додајте половина кесичка прашок за печиво, па промешајте и додајте во изматените јајца. овојпат не ви е потребен миксер, туку лажица или шпатула. Мешајте со превртување на смесата додека да се изедначи, но сепак да остане пенлива.

Големиот, плиток плех од рерната малку намастете го со масло, па одозгора обложете со хартија за печење (подобро се фиксира кога подлогата е малку намастена). Потоа рамномерно распоредете ги ренданите јаболка, во еднаков, тенок слој.

Врз ренданите јаболка рамномерно распоредете ја приготвената смеса за бисквит, па израмнете одозгора. Поминете со лажица или шпатула одозгора за да нема евентуални празнини.

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, па кога ќе се загрее ставете го колачот да се пече околу 20 минути. Потоа оставете неколку минутки да се подизлади, превртете го и отстранете ја хартијата за печење.

Внимателно свиткајте ја кората во ролат, така што слојот со печените јаболка ќе дојде од внатрешна страна.

Свиткајте го во хартијата за печење и оставете вака да се олади. Потоа наросете го со шеќер во прав и сечете го на парчиња. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.