Измир бомбаси се многу вкусни и попyларни турски колачи, а како што и самиот назив говори, потекнуваат од тирскиот град Измир.

Се правеле уште многу одамна и бил познат како „чоколадни колаченца“, но последните 10-тина години, овие слатки кекси го добиле името Измир бомбаси и станале најбараните, како во градот, така и ширум Турција, но и целиот свет.

Колачите се состојат од тенок слој крцкаво тесто и течен крем. Кремот може да биде од чоколадо или од некои од јаткастите плодови, но најзастапен е лешниковиот крем, таканаречен нугат.

Иако на прв поглед подготовката на овие колачиња ви се чини комплицирана поради тенкото тесто, сепак во суштина сè е многу лесно, брзо и едноставно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 210 г брашно, 1 прстофат сол, 1 супена лажица шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 60 мл масло за готвење, 120 мл топла вода. ЗА ФИЛУВАЊЕ: околу 300 г крем кој може да биде нутела, еурокрем, чоколаден крем или по ваш избор. Се печат 7-8 минути на 225 степени Ц.

ПОСТАПКА: Исечете парчиња хартија за печење и ставете ги врз некоја даска за печење или рамен послужавник. Со помош на една лажичка црпете од густиот крем (нутела, нугат..) и со друго лажиче подбутнувајте го топчето врз хартијата. Вака направете 18-19 топчиња и ставете ги во замрзнувач.

Додека топчињата од крем се смрзнуваат, подгответе го тестото. Во еден подлабок сад ставете 210 г брашно, додајте прстофат сол, една лажица шеќер, една кесичка ванилин шеќер, 60 мл масло за готвење и 120 мл топла вода.

Замесете со лажица или најдобро со рака додека да се соединат сите состојки во еднолично, компактно тесто. По густина тестото е средно меко и не се лепи за ѕидовите од садот, со величина на топка која ја собира во дланката.

Тестото вратете го во чистиот сад и покријте го со кеса или фолија, па оставете го да одмори 20 минути. За тоа време тоа ќе стане еластично и лесно ќе се работи со него. По изминатото време тестото истресете го на работна површина и премесете го, па поделете го на 16 делови.

Формирајте топчиња, а во плитка чинија ставете малку масло. Секое топче намастете го и со помош на дланките формирајте мала тркалезна коричка со пречник од 10 см. Во средината ставете едно смрзнато топче крем и спакувајте го како бонбонче, од сите страни да биде обложено со тесто.

Вишокот тесто отсечете го со ножици за да добиете правилно топче. Дообликувајте го и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја и со останатите колачиња, а од вишокот тесто формирајте уште 2-3 колачиња.

Ставете ги да се печат во загреана рерна на 225 степени само 7-8 минути, а потоа оставете ги да се оладат пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.