Ова е брзо, побрзо не може, вкусно, а повкусно не може. Едноставно, а поедноставно не може. Можеби многумина ќе се потсетат на овој рецепт од детството, пробајте, ќе се воодушевите од оваа пита со сирење.

Прочитајте го и вториот рецепт за ролнички со готови кори, па според продуктите што ги имате дома, направете си вкусно јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (прв рецепт): 500 г ситно солено сирење за пити (или какво имате), 5 јајца, 500 г кисела павлака (или густ јогурт), 500 г крем сирење (неутрално, несолено), 1 прашок за печиво, 2 мали шолји за кафе масло, 8 полни лажици брашно, 4 полни лажици пченкарно брашно и сол по потреба.

ПОСТАПКА: Во еден сад измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво. Соленото сирење ситно издpoбете го, па во него додајте го јогуртот и крем сирењето. Промешајте убаво да се изедначи, вкусете, па по потреба додајте сол.

Во добиената смеса додајте го маслото и брашното, па убаво промешајте со лажица. Кога ќе се соедини смесата додајте 5 јајца и уште еднаш убаво промешајте до хомогенизирање.

Рерната добро загрејте на 200 степени, а тепсијата (30 см) намастете ја со масло и ставете ја во рерната и таа да се загрее (3-4). На овој начин, кога смесата ќе се излее врз загреано масло, питата нема да се залепи.

Значи, излејте ја смесата во загреана тепсија и израмнете добро. Вратете во рерна да се допече на 200 степени (на подолната решетка) додека убаво да зарумени, околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

(втор рецепт) Ролнички со сирење – најдобри во светот, меки како душа, од срце ви ги препорачувам. Рецепт на Драгана Михајловиќ од каналот „Направи Сама – Идеја за креативци” – Ролнички со сирење – најдобри во светот!

„Ако се прашувате зошто ги нареков „најдобри во светот”, тоа е затоа што бев воодушевена како излегоа. Меки се како душа, а и сирењето ми се погоди совршено…Сè на сè, од срце ви препорачувам да ги пробате овие ролнички со сирење и едвај чекам да ги слушнам вашите коментари. Поздрав на сите,“ вели Драгана. Еве што ви е потребно за да ги направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови кори за пита, 400 г сирење, 100 мл млеко, 40 мл масло, ½ кесичка прашок за печиво, сусам за наросување, 3 јајца. Питата се пече на 200 степени околу 20 минути.

ПОСТАПКА: Изматете едно јајце со маталка, па додајте 100 мл млеко, 40 мл масло и половина кесичка прашок за печиво. Соединете убаво. За фил изматете едно јајце и додајте околу 400 г крем сирење. Изматете да се соедини. Пробајте дали сирењето е доволно солено, а ако не е, посолете го.

Отворете ги корите и премачкајте го првиот лист. Поклопете со втор лист кора, па и него премачкајте го преку целата површина. Преклопете со третиот лист и едната страна нанесете фил. Потоа свиткајте во ролна. Ролатите виткајте ги во намастен плех.

Одозгора премачкјате ги со прелив од едно јајце и 2-3 лажици млеко и 1-2 лажици масло. Со остар нож исечете ги ролничките со големина по ваша желба. Одозгора наросете сусам. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.