Вкусен и здрав десерт. Измешајте сè за 2 минути и завиткајте во фолија, брз десертен ролат без шеќер кој ќе ве воодушеви со својот вкус. Без печење, без шеќер и без замрзнување. Без брашно, без маснотии! Рецепт на Вкусна Минута.

Вкусен сладок ролат кој ќе ги израдува и возрасните и децата. Содржи многу семки така што претставува одличен извор на здрави масти и јаглехидрати. Можете да го нарекувате и енергетски бар, гранола ролат или едноставно слатка закуска.

Пред некое време, на НМД страницата беше објавен сличен рецепт за вкусен и здрав ролат кој на сите многу им се допадна со изглед и вкус. Многумина беа воодушевени од лесната постапка, бидејќи сепак подготвувате нешто здраво и брзо.

Овој рецепт е сличен на претходниот, но со малку изменети состојки. Ќе ве заслади со вкус и изглед, а штом го пробате ќе го правите постојано бидејќи сите ќе го бараат, а најмногу дечињата.

Потребни состојки: 30 г ленено семе, 50 г сончогледови семки, 100 г ореви, 150 г смокви, 150 г суви сливи, 100 г суво грозје, 100 г овесни снегулки, 25 г сусам.

Постапка: Лененото семе пропржете го во тавче на умерена температура заедно со сончогледовите со постојано мешање додека да добијат златно-кафеава боја. Кога ќе ги истостирате/пропржите, ставете ги во чинија и тргнете ги настрана.

Оревите ситно исечкајте ги на дрвена даска. 150 г смокви, претходно отстојани во вода околу 10-тина минути исечкајте ги на 2-3 помали парчиња, во зависност од нивната големина и ставете ги во блендер.

Во блендерот додајте ги и сувите сливи и изблендирајте во еднолична смеса. Потоа во оваа смеса додајте го сувото грозје и повторно изблендирајте се. Треба да добиете леплива, густа смеса со конзистентност како на влажен песок.

Оваа смеса додајте ја во сечканите ореви, додајте ги и овесните снегулки, а на крајот пропржените ленени и сончогледови семки. Целата смеса „замесете“ ја со раце, но најдобро би било да користите ракавици додека го правите ова.

Соединетата смеса ставете ја на проѕирна фолија и добро распоредете во должина, да има секаде подеднакво. Завиткајте ролат за да го формирате обликот на десертот, а потоа одвиткајте го од фолијата.

Во фолијата наросете 25 г сусам и повторно валајте го ролатот така што ќе се обвитка со овие семки. Цврсто затегнете го во проѕирната фолија и ставете го во фрижидер на стврднување. Послужете на сечени помали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.