Многу вкусен чоколаден колач која не бара печење, а се категоризира во еден од најздравите колачи бидејќи не содржи млеко, јајца, брашно и масло. Многу е вкусен и многу крцкав, а сѐ што ви е потребно за да го направите се 3 состојки. Во продолжение може да го прочитате и вториот рецепт за вегански колач со чоколадо. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 банани, 220 г темно чоколадо, 250 г овесни снегулки, 50 г лешници. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 150 г темно чоколадо без шеќер, 120 г банани, 90 г растително млеко, 250 г брашно (јас користев мешавина од овес и зелено брашно од хељда), 15 г какао, 5 г сода бикарбона, прстофат сол, уште 150 г банани, 110 мл вода, 1 лажица јаболков оцет, уште 75 г темно чоколадо без шеќер.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: За овој колач користете зрели банани со средна големина кои треба да бидат поблаги. Излупете и исечете ги на кругови трите банани. Изблендирајте ги со рачен блендер или во обичен блендер во пире, без поголеми грутчиња. Пирето ставете го настрана, а потоа на рингла во тенџере или на пареа растопете го чоколадото. Користете темно чоколадо без шеќери.




Во растопеното чоколадо додајте го пирето од банани и сѐ заедно измешајте во еднолична смеса. Бананите се додаваат во тенџерето со чоколадо, додека е сѐ уште на рингла. Измешајте, па додајте ги овесните снегулки и соединете во еднолична смеса. Убаво измешајте ја смесата додека да се соедини овесот со бананите. Можеби ќе биде потребно малку повеќе време додека да ја соедините смесата, важно е таа да биде компактна.




Овесните снегулки даваат крцкав вкус на колачот и од нив излегува многу вкусен. Во еден калап со флексибилен обрач и со пречник од 16 см, на дното поставете проѕирна фолија. Излејте го колачот во калапот и натапкајте ја површината додека целосно да се израмни.

Настрана изблендирајте неколку печени лешници и наросете ги врз колачот, па ставете го во фрижидер да се стегне. Кога ќе го извадите калапот од фрижидер, прво отстранете го флексибилниот обрач, а потоа исечете го на триаголни парчиња. Во продолжение прочитајте ја постапката за веганскиот колач:




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Темното чоколадо растопете го на пареа, а потоа тргнете го настрана да се подизлади, а за тоа време излупете ги бананите од 120 г, тоа е отприлика 2 банани со средна големина. Исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во блендер да се направи пире, без грутки.

Додајте го растителното млеко и изблендирајте уште малку, па додајте го претходно растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки во течна и еднолична смеса. Вака подготвената смеса покријте ја со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути.



Подгответе ги сувите состојки: Во подлабок сад ставете го мешаното брашно, потоа додајте малку сода бикарбона, прстофат сол и какаото. Измешајте додека да се соедини смесата. Преостанатите банани изблендирајте ги на ист начин како претходно, потоа додајте ја во нив водата на собна температура и 1 лажица јаболков оцет. Повторно изблендирајте. Растопете го и преостанатото чоколадо, па додајте го во оваа смеса и измешајте ги сите состојки.




Вака подготвенаа смеса прелијте ја во сувите состојки, измешајте убаво додека да се соедини и целата смеса префрлете ја во мал калап со флексибилен обрач и хартија за печење и добро израмнете на површината. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, а може ќе биде потребни и повеќе бидејќи ќе излезе малку подебела.




ВТОР РЕЦЕПТ

По печењето отстранете го површниот потзапечен дел од кората и подолете ја надолжно на два делови за да добиете две кори. Првата кора премачкајте ја со половина од филот кој го подготвивте, потоа одозгора ставете ја втората кора и со преостанатиот фил премачкајте ја целата торта. По желба одозгора декорирајте со боровинки, оваа торта не е многу блага. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а од вториот рецепт ОВДЕ.