Еве една одлична идеја за вкусно јадење кои многу брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде. Кога и да ја направам оваа брза, излеана пита, веднаш сета се изедува уште додека е топла. Често ја приготвувам кога е сезона на тиквичките. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 тиквичка, 400 мл течен јогурт, 125 мл млеко, 300 г брашно, 3 супени лажици растително масло, 200 мл неутрална течна павлака, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), сол по вкус

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквица (200 г), сол, 2 јајца, 150 г кисела павлака, 150 г рендан кашкавал или сирење (по ваш избор), 3 лажици пченичен гриз, 500 г готово лиснато тесто, 1 жолчка за премачкување, уште 100 г кашкавал на ленти.

рецепт 2

ПОСТАПКА за рецепт 1: Тиквичката исечкајте на ситни коцкички и посолете ја. Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте јогурт, масло, млеко, а потоа и брашно помешано со прашок за печиво, како и сол по вкус.

Кога ќе добиете мазна смеса без грутчиња, додајте ги исцедените тиквички од сокот кој го испуштиле. промешајте со лажица и целата смеса истурете ја во тепсија или плех со средна големина, претходно намастен и загреан во рерна.

Јас печев во плех 40х23 см. Маслото во плехот потребно е да се загрее до пред зачадување, а на тој начин се создава нелеплив ефект. Штом ја излеете содржината, таа ќе си формира тенка коричка и нема да се залепи за дното.

Питата печете ја приближно половина час во загреана рерна на 200 степени или додека убаво да зарумени. Одлична е топла, но и ладна, послужена со чаша јогурт, млеко или кисело млеко. Исто така, брашното можете да го помешате со пченкарно. / Рецепт на Маријана. / Сооlinarika.сom. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: Тиквицата излупете ја, па на најкрупниот или средишниот дел од рендето изрендајте ја. Потоа, складирајте ја во подлабок сад, посолете, па со лажица промешајте. Оставете тиквицата малку да отстои додека да почне да ги пушта своите сокови.

Потоа земајте дел по дел од ренданите тиквички и цедете ги низ рака на неколку пати, па префрлете ги во друг чист и сув сад. Во тиквиците без водата додајте 2 јајца, 150 г павлака, 150 г рендан кашкавал и 3 лажици пченичен гриз. Со лажица соединете ги состојките лесно за да не се направи каша од сите состојки. Остатокот од рецептот прочитајте го ОВДЕ.