Ако имате млеко и 1 банана, направете го најдобриот десерт! Лесно и многу вкусно, секој може да го направи. Кремот е многу декоративен ако се послужи во чаша, но исто така, може да послужи за декорација на колачи или за филување на торти. Еве што ви е потребно:

рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 банана, 7 урми, 20 г бадеми, 500 мл млеко и 100 г карамел крем (готов прашкаст производ пакуван во 100-грамска кутија (подолу можете да ја погледнете фотографијата од производот. Како замена можете да користете пудинг со вкус на карамел)

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г мелени бисквити, 80 г путер, 6 супени лажици брашно, 800 мл млеко, 100 г шеќер, 8 г ванилин шеќер (1 кесичка), 50 г бело чоколадо, и уште: 200 мл млеко, 1 супена лажица нишесте/густин/скроб, 100 г шеќер и 100 мл вода.

рецепт 2

ПОСТАПКА за рецепт 1: бананата излупете ја и исечете ја на парчиња. Од урмите отстранете ги семките. Во поголем и моќен блендер ставете ги сите наведени состојки: бадеми, урми, банана и прашокот од карамелниот крем, па залијте со половина литар млеко.

Изматете ја содржината додека убаво да се сомелат сите состојки. Добиената течност сипете ја во тенџере, а доколку се сомневате дека има останато мали парчиња од плодовите или лушпички, процедете ја низ сито.

Тенџерето ставете го на рингла и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање. Варете го кремот додека да згусне. Оставете една-две минути малку да подизлади, а потоа сипете во десертни чаши (претходно загреани со топла вода).

Кремот оставете го некое време да се олади на собна температура, а потоа во фрижидер. Декорирајте со тркалца од банана, малку сечкани/ливчиња од бадем и карамелен сос. На здравје сладење. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: количините што се наведени се доволни за шест или осум десертни чаши, во зависност од големината. Во секоја чаша на дното ставете по една лажица мелени бисквити. На тивок оган во едно тенџерче растопете 80 г путер. Кога путерот ќе зоврие додајте 6 супени лажици брашно.

Брзо мешајте за да се изедначи со путерот, па пржете го 2 минути додека малку да пожолти. Потоа во него постепено започнете да додавате 800 мл ладно млеко. За цело време мешајте со жица маталка за да не се формираат грутки, а смесата да остане кремаста и мазна. Рецептот продолжува <img class=”alignnone size-full wp-image-49669″ src=”https://nmd.mk/wp-content/uploads/2021/01/IMG_9187.jpg” alt=”” width=”640″ height=”351″ />.