Терапија за проширени вени со лист од зелка – 2 дена, едноставно и проверено делотворно

Проширените вени (варикозни вени) се проблем кој измачува огромен дел од населението. Според некои статистики, приближно 40% од популацијата во одреден период од животот се соочуват со овој проблем. Жените страдаат повеќе од проширени вени отколку мажите.

Проширените вени се карактеризираат со потеченост на вените. Сите вени можат да бидат варикозни, но најчесто се зафатени површинските вени на екстремитетите најчесто нозете, бидејќи на нив ”паѓа” тежината од целото тело при одење и стоење.

За многумина овој проблем е од естетска природа , но варикозните вени можат да бидат и доста болни и да создадат чести непријатности. Во одредени случаи, тие можат да водат и кон посериозни проблеми.

Проширените вени не секогаш се проследени со болки, а најчестите знаците кои упатаат на овој проблем се темно – виолетови проширени вени и испреплетени задебелени вени во вид на пајажина.

Други симптоми кои го проследуваат проширениот изглед на вените се: пецкање во нозете, грчеви во мускулите, отечени нозе, засилени болки при подолго седење или стоење, непријатни и постојани потреби за чешање во пределот на проширените вени, црвенило, чувство на тежина во нозете, чувство на топлина.

Ослабените вени се најчестиот проблем кој води кон проширени вени. Проширените вени често настануваат кога залистоците не работат правилно, а вените делуваат против гравитацијата.

Редовна физичка активност

Редовната физичка активност поттикнува подобра циркулација во нозете, што помага за отстранување на насобраната кр-в во вените. Физичката активност придонесува и за намалување на кр-вниот притисок, што е исто така значајно при проширени вени. Ефектот е најдобар кога физичката активност е умерена, како пешачење, возење велосипед, пливање итн.

Носење на компресивни чорапи

Еден од најефикасните начини за самопомош при оваа состојба се компресивните чорапи. Вршејќи притисок на нозете со компресивни чорапи помагаат вените и мускулите поефикасно да ја испумпуваат кр-вта ,,нагоре” кон срцето. Според повеќе студии, пациентите кои ги носеле ваквите чорапи, имале значително помалку болки и непријатности.

Носете полесна и облека која не ве стега

Носењето на тесна облека може да придонесе за полоша циркулација на кр-вта, особено во периферните кр-вни садови.

Промени во начинот на исхрана

Храната богата со сол може да предизвика задржување на поголеми количества вода во организмот, па намалувањето на солта во исхраната може да помогне за минимизирање на овој ефект кој е негативен и во однос на варикозните вени. Исхраната богата со калиум може да помогне да се намали задржувањето на водата во организмот.

Важно е да се внесуваат и доволни количества растителни влакна, поради тоа што таквата храна превенира запек. Превенцијата од запекот може да биде од големо значење, бидејќи запекот може да придонесе за дополнително оштетување на залистоците. Храна богата со растителни влакна е: свежа храна (овошје и зеленчук), полнозрнасти житарици, јатки и мешунки.

Јадете повеќе храна со флавоноидни антиоксиданти

Јадењето на ваква храна може да помогне во намалувањето на отечените варикозни вени. Флавоноидите ја подобруваат циркулацијата и превенираат од насобирање на кр-вта во вените. Дополнително, тие придонесуваат и за намалување на кр-вниот притисок во артериите и ги релаксираат кр-вните садови, што исто така е важно за превенција и подобрување на состојбата со проширени вени.

Храна богата со флавоноидни антиоксиданти е: зеленчук (кромид, лук, пиперки, спанаќ, брокули итн.), цитрусни овошки, цреши, јаболка, бобинки (зрнесто овошје), какао итн.

Пијте повеќе течности

Пијте многу вода во текот на денот, чаевите од див костен, диво оригано и боровинка се покажале како ефикасен лек во борбата против попуштени вени бидејќи се богати со многу антиоксиданти.

Држете ги нозете подигнати

Држењето на нозете подигнати во висина на срцето или над него, може да помогне за подобрена циркулација. На тој начин, го намалувате притисокот во вените на нозете, а гравитацијата овојпат ќе ви помогне кр-вта полесно да се врати до срцето. Овој совет е добро да се применува по подолги периоди на седење или стоење.

Практикувајте масажи

Масажите со есенцијални масла се покажале како подобрувачи на циркулацијата во долните екстремитети, а знаеме колку циркулацијата е важна за проширените вени. Но, многу е важно масажите да не подразбираат силно притискање на пределите со проширени вени. Масажите треба да биде понежни.

Најдобар начин за лекување на попуштените вени го знае народната медицина. Доколку навремено не ја третирате оваа непријатна состојба, таа може да се влоши. Листот од зелка се покажал како најдобар лек за проширени вени дури и кај оние каде состојбата е многу лоша.

Листот од зелка е познат народен лек уште пред многу години. Листот лекува многу болести, а тегобите со проширени вени ќе исчезнат за 2 дена. Лекот може да го примените во домашни услови, што е многу олеснувачка околност.

Едноставно ставете лист од зелка на проблематичното место и обложете го преку ногата, а потоа фиксирајте со проѕирна фолија која цврсто ќе го држи листот на болното место како завој.

Облогата треба да ја држите 2 – 3 дена и повремено да ја смените со свеж лист од зелка. Пробајте, лекот е доста едноставен, а резултатите ќе ве изненадат. Доколку попуштените вени се вратат, повторете ја истата постапка од третманот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Loading...