Излеана пита мека како сунѓер…Традиционален рецепт без тегнење кори, за вистинско сладење…Може да се јаде во солена или слатка верзија…
Ова е брза пита по стар рецепт, мека како сунѓер.
Има одличен вкус и се подготвува многу брзо Само одвојте 5 минути од вашето време, а остатокот ќе го направи рерната. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
5 јајца
2 чаши млеко
2 чаши вода
3 лажици масло
4 чаши брашно
1/2 лажица сол
За прелив можете да користите 200 мл павлака за готвење, кисела павлака или кајмак, а можете да ја јадете и без никакви додатоци.
По желба можете да јадете и во слатка верзија, а во тој случај ставете 1/2 лажиче сол и 1 лажиче шеќер. Исто така, можете да ја виткате и како ролат филувана по вкус.
ПОСТАПКА:
Плехот премачкјате го со 2 лажици масло и ставете го во рерна да се загрее. Со жица изматете ги јајцата, додајте млеко, вода, сол и масло. Во течната мешавина додајте го брашното и изматете да нема грутчиња.
Смесата сипете ја во загреаниот плех 40х35 см или слични димензии, распоредете и печете околу 20 минути на 220 степени.
Деталната постапка можете да ја погледнете ОВДЕ: