Home ТЕСТО Излеана пита мека како сунѓер…Традиционален рецепт без тегнење кори, за вистинско сладење…Може...

Излеана пита мека како сунѓер…Традиционален рецепт без тегнење кори, за вистинско сладење…Може да се јаде во солена или слатка верзија

Излеана пита мека како сунѓер…Традиционален рецепт без тегнење кори, за вистинско сладење…Може да се јаде во солена или слатка верзија…

Ова е брза пита по стар рецепт, мека како сунѓер.

Има одличен вкус и се подготвува многу брзо Само одвојте 5 минути од вашето време, а остатокот ќе го направи рерната. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

5 јајца
2 чаши млеко
2 чаши вода
3 лажици масло
4 чаши брашно
1/2 лажица сол

За прелив можете да користите 200 мл павлака за готвење, кисела павлака или кајмак, а можете да ја јадете и без никакви додатоци.

По желба можете да јадете и во слатка верзија, а во тој случај ставете 1/2 лажиче сол и 1 лажиче шеќер. Исто така, можете да ја виткате и како ролат филувана по вкус.

ПОСТАПКА:

Плехот премачкјате го со 2 лажици масло и ставете го во рерна да се загрее. Со жица изматете ги јајцата, додајте млеко, вода, сол и масло. Во течната мешавина додајте го брашното и изматете да нема грутчиња.

Смесата сипете ја во загреаниот плех 40х35 см или слични димензии, распоредете и печете околу 20 минути на 220 степени.

Деталната постапка можете да ја погледнете ОВДЕ: