ИВИНАТА ТРЕВА ЛЕКУВА МНОГУ БОЛЕСТИ: Еве како правилно се користи. Ивината трева (Teucrium Montanum) е растение кое се користи за лекување на многу болести уште од античките времиња.

Потекнува од јужна Европа, а расте на карпести места, ридови и планини, обично на карпеста земја. Познато е по своите мали и тркалезни сплескани жолтеникаво бели цветови.




Уште се нарекува планински германдер, а искусните билкари го ценат како злато. Тоа не е без причина, бидејќи според старото народно верување, ивината трева помага во опоравување од психички и физички напор по долго боледување.

Покрај тоа, постои долга листа на болести што ги лекува, а постои и една стара поговорка која вели: ,,Ивината трева ги подига од постела и мр-твите.” Цвета од јули до септември.




Надземниот дел од растението веќе долго време се користи во фитотерапијата, и се собира во времето на цветање. Правилното берење подразбира сечење на лиснатите цветни врвови на гранчињата со остри ножици и брзо сушење за да се зачува бојата и мирисот.




Исто така, се препорачува каде и да собирате, да оставите барем една третина од цвеќињата недопрени. Ова ароматично растение содржи етерично масло, танин, холин, сапонини и горчливи материи. Се користи превентивно за зајакнување на имунолошкиот систем и е одличен избор за оние кои се изложени на постојан с трес.




Има исклучително горчлив и адстрингентен вкус, а во народната медицина се покажало како сигурен начин за лекување на орга-ните за варење и дишење, се верува и дека помага при пулмонална туберкулоза.




Поради горчливите материи, оваа билка е незаменлива кај многу болести на желудникот, а исто така ја ублажува подуеноста. Со своето антисептичко дејство ги уни-штува патогените микроорганизми, ги отстранува штет-ните материи во цревата и желудникот.




Исто така е ефикасна кај болести на устата и грлото, разни инфекции, габи и ра-ни. Чајот од ивина трева ги лечи грчевите и ја чисти к рвта. Исто така се користи против сите видови трески, но и како помош во третманот на дијабетес.




Тинктурата од оваа билка помага при хемороиди, заболувања на црниот дроб и жолчката бидејќи го стимулира производството и протокот на жолчни киселини. Како бања, има корисен ефект врз кожата, особено кога станува збор за лекување на ра-ни и разни промени во кожата. Од оваа билка се прават многу лековити мевлеми за ублажување на симптомите на ревматизмот.




Како што велат фитотерапевтите дека оваа билка е универзален лек, според некои толкувања може да делува: против бактерии и габи, при болести на желудникот, го намалува воспалението, е силен антиоксиданс, го враќа расположението при депре-сија, го регулира варењето, исфрла вишок течности од телото, помага при хемороиди и дијабетес, го чисти телото.




РЕЦЕПТИ. За чистење на к рвта. Истурете една лажица сува и сечкана трева во 250 мл врела вода, варете поклопено уште две минути, па процедете по 15 минути отстојување. Пијте 3 пати на ден по една чаша свеж незасладен чај, пред главните оброци.




Против хемороиди. Потопете 20 грама од билката во 100 мл коњак. Оставете да отстои две седмици на темно и суво место. Против жолчни заболувања или хемороиди, пијте по 20 капки од оваа тинктура трипати на ден.

За зајакнување на имунитетот. Натопете 20 грама во литар црвено вино и оставете да отстои осум дена. Пијте една чаша во текот на целиот ден, односно три пати на ден, пред оброк.