Коста Бургов живее на работ на егзистенција, а на неговите молби за помош одговорил Иван Исцелител.

– Не знам веќе каде да се обратам. И пишував и на пратеничката од Струмица, и на комисијата, а некои од нив дури ме блокираа на фејсбук. Последен пат кога бев на комисија, член на комисија само ми рече “имај убав ден”. Потоа ми стигна решение дека сум одбиен, се жали со стегнато грло Коста Бургов. Тој вели дека гладува, дека животот кон него е суров, неговиот живот нема смисла, реалноста за него е безнадежна, дека нема имот, неговите ништо не му оставиле и дека му се следува пензијата од татко му. Или барем некој вид социјална помош. Честопати завршува во болница.

Иван за себе вели дека е Божји човек и дека Бог му подарил дарба да лекува болни луѓе со еден вид биоенергија. За оваа своја способност станал свесен уште кога бил дете, а денес пред неговата лимена барака има редици луѓе кои се надеваат на негова помош.

Тој не наплаќа за она што го работи, но луѓето најчесто оставаат храна и облека во знак на благодарност. Ништо од сето тоа Иван не задржува за себе, туку го донира на луѓе на кои тоа им е потребно.

Живее многу скромно, но само затоа што така одлучиле со неговото семејство. Не сака да се богати на сметка на болните луѓе, па затоа сè што ќе му остават во смисла на материјални добра, тој истото го донира на сиромашни.

Еден сличен апел за помош добил од естрадниот уметник, пејачот Коста Бургов, а Иван веднаш реагирал и се снабдил со потребштините, па заминал на пат за Струмица.

Сето тоа Иван Исцелител го има забележано како видео запис, но не со цел да ја истакнува својата хумана страна, туку со желба тоа да биде поттик и за другите кои се во можност да помогнат.

Иван смета дека со помагањето на другите кога тоа им е најпотребно, ние им го подобруваме и спасуваме живот. Досега во храна тој има остварено 4.300 донации и како што вели, продолжува понатака да помага, со Бог напред.

Донацијата за пејачот Коста Бургов можете да ја видите на видеото подолу (3:42):