Покрај секоја садница домат пожелно е да посадите три садници босилек. Ако редовно ги берете врвовите од босилекот, ќе се разграни и ќе произведе повеќе ароматични листови и нема прерано да процвета.

Според искуството на градинарите и невенот делува врз доматите како природна заштита и го подобрува неговиот род. Невенот воедно е и лековита билка.. Добар сосед на доматот е и лукот кој го одвраќа црвениот пајак (копривни грини).

Покрај доматите добро е да се засади и низок грашок бидејќи оваа билка го фиксира кислородот во почвата и го прави достапен за корењата на доматот и така служи како природно ѓубриво.

Морковот исто така поволно делува на доматите, но посаден под нив ќе формира поситни корења, но затоа ќе бидат многу слатки.

Лоши соседи за доматите се: компир, краставици и коморач, бидејќи нивните излачувања негативно делуваат врз растот на доматите.

Доматите се подложни и на слични болести како компирот и пченката, затоа овие билки би требало да се садат малку подалеку.

Доматите не треба да се садат ниту близу пиперките, бидејќи овие билки се “натпреваруваат” за хранливи состојки од почвата.

Покрај доматите добро е да се сади и зелена салата, цикорија, ротквица, сапанаќ, магдонос и праз – на тој начин подобро се искористува просторот околу доматите кои растат во висина.