Третманот со млеко е од голема полза кога станува збор за нега и одржување на бујноста на цвеќињата, особено на оние кои цветаат, но мора да се запази едно правило, односно периодот од денот кога тие треба да се полеваат.

За овој ч удесен раствор потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома. Сигурно се прашувате како дождот може да им наштети на растенијата и билките од градината, кога за дождот е познато дека истите ги крепи и им помага да останат свежи и побујно да растат.

Меѓутоа, што да се направи доколку станува збор пороен дожд или дождови кои непрекинато врнат неколку денови по ред. ваквиот дожд може да го у-ништи расадот кој сме го насадиле оваа пролет и да ги ослаби билките.

Затоа е потребно да се подобри и зајакне имунитетот на билките, особено на оние нежните и оние кои треба да пуштат цвет, а според зборовите на искусните градинари, тоа најдобро се прави со помош на млеко.

Млекото е намирница која речиси сите ја имаме дома. Одлично се покажало за заштита, но и за ѓубрење на градинарските култури и цвеќиња.

Млекото содржи калиум, калциум, сулфур, фосфор, магнезиум, бакар, манган, железо и други елементи кои на билките ќе им обезбедат оптимален раст и ќе ги заштитат од болести, штетници и инсекти.

Во овој период, растенијата се подложни на габични болести, а млечниот раствор е одлично средство за превенција, бидејќи создава заштитен слој.

Постојат доволно причини за да го направите овој раствор и да им помогнете на цвеќињата раскошно да цвета во текот на целото лето. Еве како се прави:

За оваа намена најдобро е да користите свежо, неварено млеко, а не пастеризирано, долготрајно млеко од тетрапак. Сè што треба да направите е да го помешате млекото со вода во однос 1:3. Значи на една чаша млеко се додаваат три чаши вода.

Со овој раствор се прскаат билките и цвеќињата, најдобро во вечерните часови кога не е многу жешко и кога фаќа ладовина. Најдобро е да користите свежо, не долготрајно млеко. Сè што е потребно е да се мешаат млекото и водата во сооднос 1:3.

Испрскајте растенија или цвеќиња со овој раствор насекаде врз почвата околу нив и најдобро би било тоа да го направите навечер.