Исфрлете ја слузта од белите дробови и веднаш подобрете го имунитетот

Белите дробови се еден од најважните оpгани во телото, бидејќи се задолжени за правилна инxалација и снабдување со кислород, како и исфрлање на јаглеродниот диоксид, надвор од организмот.




Ако имаме затнат нос или затнати синусни канали, а што најчесто се случува поради вишок слуз, тогаш, начинот на дишење може во голем мера да влијае и врз здравјето на белите дробови.




За да имате силен имунолошки систем мора здраво да се храните, да бидете физички активни, но исто така, од особена важност е редовно да ги прочистувате дишните канали.




Повремено или редовно можете да го прочистувате носот и каналите со солена вода приготвена од раствор на морска сол, како и да правите инхалации со лековити билки, секогаш кога за тоа има потреба.




Следниот рецепт за лековит напиток ќе ви помогне на лесен начин да ја исфрлите вишокот слуз која се налепила врз слузокожата. Она што е одлично кај овој напиток, е што можат да го пијат подеднакво и деца и возрасни, бидејќи целосно е природен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г овес (интегрално зрно), 1 шолјичка мед (70 мл)
и една шаша вода (200 мл). Постапка: најпрво добро измијте го овесот со ладна вода. Стравете го во цедалка да се исцеди.




Испраниот овес ставете го во тенџере, прелијте го со чаша вода и ставете го на рингла да зоврие. Откако ќе зоврие, варете го уште неколку минути, па поклопете го и тргнете го на страна.




Кога ќе стане млака течноста, додајте 70 мл мед и промешајте да се раствори. Повторно поклопете го тенџерето и вака оставете го да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете го низ цедалка.




Лековитата течност складирајте ја во стаклено шише или тегла и добро затворете ја. Се чува во фрижидер, а доколку добро го затворате шишето, нормално рокот на траење е седум дена.




УПОТРЕБА: Се пие по 30-40 мл од оваа лековита течност, на празен стомак, наутро веднаш штом ќе станете. Овој напиток, исто така е погоден и за деца. Треба да се пие во текот на 40 дена непрекинато.




Не ги пропуштајте деновите и навремено приготвувајте нов напиток за да немате прекини. Ќе забележите дека слузта постепено ќе почне да се намалува, а дишните канали ќе стануваат сè попроодни.

Претходна статијаЗаборавете на потчукнувањето, тоа е глупост – ова е вистинскиот начин за избор на сочна и зрела лубеница, совет од искусен фармер
Следна статијаПешкири како шмиргла: Доктор објасни една лyдо едноставна работа која треба да ја направите после перењето