Рецепт на Драгана Михајловиќ. Денес споделувам со вас рецепт за домашен сируп приготвен од ловоров лист, како и рецепт за чај кој секогаш ќе ви помогне кога ќе имате проблем со кашлица. Ова е нешто што мене секогаш ми помага.




Ловоровиот лист е многу здрав и покрај тоа што ги чисти и cмиpyва белите дробови, има и корисен ефект врз несоницата, а од него има и многу други придобивки. Покрај ловоров лист, овој чај е збогатен и со ѓумбир, што е многу здрав, па чајот е многу добар и за имунитет. Сирупот против кашлица и чајот имаат многу пријатен вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧАЈ: 3 ловорови листови, 250 мл вода, малку ѓумбир, сок од половина лимон, чајна лажичка мед. ПОСТАПКА: ловоровите листови издробете ги со прсти на ситни парчиња и ставете ги во помало тенџере или ѓезве. Прелијте со 250 мл ладна вода.




Чајот можете и вака да го приготвите, но може во него да додадете и ѓумбир, бидејќи е одличен кога станува збор за лекување на виpycни инфекции и б олно грло. Ставете неколку парчиња (2-3 см) свеж и излупен корен од ѓумбир, па тенџерето ставете го на оган.




Од моментот на зовривање намалете ја температурата на минимум и оставете да се вари уште 3-4 минути. Потоа процедете го чајот, оставете малку да се подизлади, па додајте лажичка мед и исцеден сок од половина лимон или по вкус. Овој чај освен што помага при настинки, исто така е одличен и за несоница. Во текот на денот испијте три чаши чај од ловоров лист.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СИРУП: 6-8 ловорови листови, 250 мл вода, 6 супени лажици мед, сок од еден лимон. ПОСТАПКА: Ставете ја водата на оган да зоврие, па додајте ги ловоровите листови, па потоа намалете ја температурата на минимум, поклопете и гответе 5-6 минути.




По изминатото време процедете ја течноста. Оставете малку да подизлади, па додајте 6 супени лажици мед и промешајте додека медот да се растопи. Потоа додајте исцеден сок од еден лимон. промешајте и сирупот складирајте го во стаклена тегла.




Овој сируп можете да го комбинирате со капки од прополис кој е одличен за јакнење на имунитетот. Дневна препорачана дoза од овој сируп за возрасни е две до три супени лажици во текот на денот, а може да се дава и на деца над 2-3 години, до 4 лажици со конcyлтација на лекар.




Овој сируп се препорачува да се консумира пред главните оброци, на гладен стомак. Се чува во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.