Импетиго, многу заразно бактериско заболување – кога треба да се обратите на лекар

Импетигото е многу заразна бактериска болест предизвикана од бактериска инфекција на кожата која може да се јави на секој дел од телото, иако најчесто се јавува на откриените делови на кожата.

СИМПТОМИ:

*Делови од кожата се прекриени со меурчиња кои пукаат и се преобразуваат во црвено, влажно место од кое тече или капе течност. Главно се јавуваат на лицето, но може да ги има и на откриените делови на рацете и нозете.

*За само неколку дена се создаваат златножолти или темножолти красти, како зрнца од кафеав шеќер, а инфекцијата се шири по работ на зафатениот дел на кожата.

ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР:

*Ако меурите се појават на лицето и не исчезнат во рок од 48 часа по почнувањето на лекувањето. Оваа кожна инфекција наречена импетиго бара навремена лекарска помош.

*Ако се создадат мали гнојни чиреви со темноцрвена краста придружени со силен јадеж, тоа укажува на ектима, чирест или улцерозен облик на импетиго кој навлегува длабоко под кожата. Ако не се лекува последиците се трајни лузни и менување на бојата на кожата.

*Ако симптомите на импетиго се појават кај дете мора да се јавите на лекар како и за секој друг проблем со кожата на детето.

*Ако детето заболено од импетиго почувствува мачнина, главоболка, ретко моча и ако се појави оток на лицето и екстремитетите- тоа се знаци на гломерулонефритис, бубрежна болест што ја предизвикуваат бактериските токсини.

ВАЖНО: Раните од импетигото лесно се мешаат со симптоми на херпес кој е вирусна инфекција. Импетигото се шири побрзо од херпесот и никогаш не се појавува во усната празнина, а и ретко се ограничува на само еден дел од телото. Ако не сте сигурни, побарајте лекарот да ја потврди дијагнозата.

Претходна статијаВремево сите не зашемети – како влијаат промените на температурата
Следна статијаШто се случува кога ќе проголтате гума за џвакање – дали навистина се потребни 7 години за таа да помине низ дигестивниот систем