За борба против лошиот здив се користат разни производи за орална хигиена, меѓутоа постојат и доста поедноставни и поефикасни начини како да добиете свеж здив кој мириса на ружи.

1.КОРИСТЕТЕ ПРИРОДНИ ОСВЕЖУВАЧИ

-Џвакајте листови од нане кое помага во борбата против лошиот здив и ја освежува устата;

-зачините како што се каранфилче, кардамом и семки од анасон можете да ги џвакате во уста и постепено да ги натопувате. Одлични се за дезинфекција и елиминирање на лошиот здив;

-сода бикарбоната е одлична за овие проблеми. Едноставно натопете ја четката во раствор од сода бикарбона направен како паста и исчеткајте ги забите. Или ваквиот раствор (лажичка сода во чаша вода) користете го за плакнење на устата.

2.ПИЈТЕ НАЈМАЛКУ 2 ЛИТРИ ВОДА ДНЕВНО

Организмот мора да биде хидриран за да се ослободите од лошиот здив. Пиењето вода е од голема важност кога станува збор за спречување на бактерискиот раст и лошиот здив предизвикан од неадекватна влага и плунка во устата.

Одбегнувајте слатки сокови навечер, бидејќи може да помогнат во забрзан раст и таложење на бактериите во текот на ноќта.

3.ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ

Постои храна за која знаеме дека предизвикува лош здив, но поради вкусот и здравствените предности, сепак ги консумираме таквите намирници. Сепак, овој здив иако некои го карактеризираат како “лош”, сепак не е предизвикан од бактерии и не мириса на нешто “расипано”.

Лукот и кромидот се најчести виновници за “непријатниот” здив, меѓутоа, исто така е докажано дека лукот во умерени количини ги убива бактериите кои можат да предизвикаат пропаѓање на забите и болести на непцата.

Одбегнувајте храна богата со шеќер, бидејќи токму таа поттикнува раст на бактериите. Ако сте гладни јадете јаболко или пробиотичен јогурт.

4.ЧИСТЕТЕ ГО ЈАЗИКОТ

на вашиот јазик се таложат бактерии кои предизвикувааѕ лош здив. Откако ќе ги исперете забите, исчистете го и јазикот со специјално гребло за јазик или истријте го со четката за заби.

5.ЗАБИТЕ МИЈТЕ ГИ ДВАПАТИ ДНЕВНО И УСТАТА ПЛАКНЕТЕ ЈА СО СПЕЦИЈАЛНА ТЕЧНОСТ, ЕДНАШ ДНЕВНО

Четкањето на забите треба да трае две минути, а треба да се врши двапати дневно. Истражувањата покажале дека нешто повеќе од 55% жени тоа го прават двапати дневно, додека малку зад нив се мажите со 49%.

Четкањето и испирањето на устата со течност за таа намена помагаат да се елиминираат бактериите кои предизвикуваат лош здив во устата.

6.ЏВАКАЈТЕ КОРА ОД ПОРТОКАЛ

Измијте ја добро кората од портокал (лимон или портокал) пред да започнете со нејзино џвакање. Не само што здивот ќе ви го одржува свеж и пријатен, туку лимонската киселина ќе поттикне производство на плунка, која е природна одбрана на устата од лош здив и киселини –кои се причина за расипување на забите.