Ако вашата диета и промената на исхраната не дала резултати, можно е причината за тоа да биде спориот метаболизам или непрочистениот црн дроб. Можете да го забрзате со природни пијалоци, а ние ќе ви откриеме кој чај има одлични ефекти и дава вистински резултати.




За да ослабите не е добро ниту да гла-дувате, бидејќи на топј начин го лишувате вашиот организам од потребни нутриенти. најдобро е секој да си го слуша сопствениот организам, а од исхраната да ги исфрли сите непотребни намирници кои се полни со празни калории.




Доколку гла-дувате, организмот ќе прими порака дека има недостиг од нутриенти и ќе премине во фаза на „штедење“ и на тој начин уште повеќе ќе го успори метаболизмот и ќе започне со складирање на масти (за да се заштити).




Многу покорисно е да се јадат рамномерно распоредени оброци со намален број калории и на тој начин да се забрза метаболизмот со помош на природни средства. Зелениот чај е познат како еден од најдобрите напитоци кој помага во постигнување на таа цел, а со додавање на ароматични и ефикасни зачини, неговиот ефект може уште повеќе да се подобри.




РЕЦЕПТ 1: Додајте половина лажичка цимет во прав, половина лажичка мед и сок од еден лимон или по вкус во шолјата со претходно приготвен зелен чај. Започнете го денот со шолја од овој чај и грицкајте бадеми со него – не повеќе од 7-8 парчиња (со повеќе од оваа количина можете да го оптоварите дигестивниот систем).

Во првите две седмици, се забележува поголем пад на тежината – до 3 кг. Подоцна, процесот на то-пење на депозитите се забавува, но бидете упорни, со задолжително вежбање.




РЕЦЕПТ 2: Зелен чај и сода бикарбона. Овој напиток го забрзува заспаниот и успорен метаболизам, а со тоа започнува разложувањето на масните клетки и топе-њето на масното ткиво од кри-тичните места.




Примарните соединенија кои се наоѓаат во зелениот чај, како што се катехин, теанин и кофеин, докажано ги сого-руваат мастите во телото, додека со додавање на сода бикарбона ова дејство драстично се зголемува, бидејќи во кисела средина тие не можат добро да сого-рат.




Потребни состојки: ¼ лажичка сода бикарбона, 1 шолја приготвен зелен чај (најдобро е чајот да се приготви од зелен чај во прав, отколку од филтер кесичка). Постапка: напитокот се приготвува така што ¼ лажичка сода бикарбона (1 прстофат) се додава во претходно приготвена шолја зелен чај. Се пие барем еднаш дневно.




СОДА БИКАРБОНА ЗА БОЛЕСТИ НА ЖЕЛУДНИКОТ. Гастроезофагеалниот рефлукс (ГЕРБ) е заболување на дигестивниот систем, предизвикано од враќање на желудочната содржина во хранопроводникот, а сода бикарбоната се користи за третирање на овој проблем. Помешајте ¼ лажичка сода бикарбона со 2 лажици јаболков оцет во една шолја вода. Пијте по потреба.




РЕЦЕПТ 3 – Потребни состојки: 1 чаша вода, 1 лажица чиа семе, 1 лажица листови од зелен чај, неколку листови нане, половина чаша мраз, сок од половина лимон. Постапка: чиа семето потопете го вода за да набубри, околу половина час или помалку.




Потоа ставете една чаша вода на оган. Пред да зоврие ставете една лажица сув лист од зелен чај и гответе со исклучена рингла уште 3 минути. Во поголема чаша или бокал процедете го чајот, оставете да подизлади па додајте мраз, неколку листови од нане, сок од лимон и набубреното чиа семе.

Напитокот пијте го секој ден на гладно, најдобро наутро. Секој трет ден можете да го замените со следниот напиток: во чаша со кокосова вода додајте една лажичка мелено чиа семе, половина лажичка спирулина и половина лажичка пченична трева во прав. Измешајте ги сите состојки и оставете ги неколку минути додека семките постанат желатинозни. Потоа испијте го напитокот.