Една жена на Интернет објави дека открила нешто ново на својата правосмукалка.

“Петнаесет години ја имам оваа правосмукалка и дури сега открив дека со неа можам да го направам ова!”

На Фејсбук се шири откритието на една жена која со восхит ја закачила фотографијата од своето откритие на Интернет. А, после нејзиниот коментар се надоврзале уште многу други, од луѓе кои исто така не знаеле дека правосмукалките ги имаат и овие функции.

-Луѓе, јас дури денес открив дека мојата правосмукалка има и место на кое може да се закачи кабелот. Оваа правосмукалка ја имам 15 години, а тоа дури сега го гледам – напишала таа покрај фотографијата.

-Сега морав да ја проверам и јас мојата правосмулака. Многу сум изненадена! Го има! Имам преку 50 години и не знаев дека правосмукалките го можат и ова. Ти благодарам што го сподели ова со нас – и пишува една од купот жени.

-Јас ова го знаев, но само затоа што на тоа ми укажа мојот 4 годишен син. Дотогаш немав поим дека има такво нешто на правосмукалката.

-Тукушто отрчав да проверам, и да ви кажам – во шок сум! И мојата правосмукалка го има! . одговара уште една жена со фотографија.

Дали вие знаевте за овој дел на правосмукалката каде што се зачува кабелот?