Никола пред три години претрпел тешка сообраќајна несреќа, при која се здобил со силен удар во главата.

Меѓутоа, кога станува збор за љубовта, ништо не е невозможно. Доказ за тоа е храбриот маж Никола Рагуж од Мостар, кој собрал сили и покрај тешката болест, заиграл на свадбата на својата сестра.

Таа цело време му помагала, а ниеден од нив двајцата не можеле да ги сокријат емоциите.

Пееле, се смееле, играле… Пред крај на танцот, им се придружила и нивната мајка.

Никола пред три години претрпел тешка сообраќајна несреќа, при која се здобил со силен удар во главата.

Поради повредата дури три месеци бил во кома, но откога се разбудил, тој бил врзан за инвалидската количка.

Му бил оштетен центарот за рамнотежа, а десната страна му била слаба.

Овој храбар маж требало да оди на операција за пресадување на матичните клетки која требало да се изврши во Австрија, а цената на операцијата изнесувала 14 000 евра. Средствата хуманитарно било собрани, а тој отпатувал на судбоносните, три операции.

Погледнете го видеото старо три години, но кое сè уште буди емоции: