Кога луѓето ќе ја запознаат Клариса, никој не верува дека таа всушност има 60 години. Оваа жена изгледа феноменално и толку младешко, што речиси е невозможно да се заклучи дека зачекорила во 7-та деценија.

Преку социјалните мрежи бараат од неа да го сподели својот „рецепт против стареење“ бидејќи истакнува дека не користи ботокс. Преку коментари постојано ѝ посочуваат дека изгледа барем 20 години помладо отколку што е.

Клариса воопшто не е изненадена од ова, бидејќи вели дека љубителите на убавината постојано укажуваат на нови недостатоци кои треба да ги поправиме, не е ни чудо што луѓето се луди по „еликсирот на младоста“.

Станавме опседнати со испробување на секој рецепт против стареење на пазарот, бидејќи повеќе од кога било досега фокусот е на убавината и младоста во последните децении. На нејзиниот профил на TikTok, таа ги сподели своите тајни за да се остане млад.

И додека некои од нас бараат неинвазивен облик на ботокс, оваа жена тврди дека младоста нема никаква врска со она што го ставате на вашето лице. Сите редовно ја фалат Клариса заради тоа што не изгледа како да има 60 години.

Таа тврди дека клучот за младоста е избегнување сонце и пиење алкохол, но уште поважно е да се има младешки, а понекогаш и „незрел“ начин на размислување, всушност секогаш да го храниме оној детски дух во нас, кој многумина го запоставуваат.

Клариса одговори на коментарот како ѝ успева да остане млада, велејќи: „Да, навистина изгледаш како да имаш 40 или помалку години, некои мажи се обидуваат да те направат несигурна во коментарите, не обраќајте внимание на тоа“, на што таа одговори:

„Знам. Навистина не ми е гајле, но и таквите коментари се во ред. Многу ги ценам убавите коментари и најмногу сакам да ги истакнам“. Нејзините искрени видеа привлекуваат големо внимание на мрежите. Во коментарите се редеа куп комплименти, како:

„Убава си и изгледаш како да си во четириесеттите“, напишал еден корисник. „Да ми кажеш дека имаш 40 години, воопшто не би го доведувал во прашање. Навистина си толку убава“, коментира друг, додека трет додаде:

„Мислам дека густата коса и добрата структура на коските се она што ве прави да изгледате помлади. Кога ја прашале за нејзините тајни против стареење, Клариса сугерирала дека тоа нема врска со тоа што го става на лицето, туку со нејзиниот став. Таа истакна:

„Имање деца подоцна во животот, незрелост, целосен пркос и многу молитви“. Во друго видео, таа споделува уште неколку совети и истакнува некои клучни здравствени одлуки кои можеби ѝ помогнале.

„Не сум го изложувала лицето на сонце во последните 20 години, посакувам никогаш и претходно да не го правев тоа. А престанав да пијам кога имав 33 години, па и тоа ми помогна. Се трудам да вежбам, но дете сум во душа. Тоа многу помага“.

Во коментарите, другите жени се согласија дека начинот на размислување игра важна улога, а една напишала:

„Нашиот поглед на работите има ТОЛКУ поврзаност со нашата возраст, се надевам дека ќе изгледам добро како тебе на 60 години. Неверојатно“. „Изгледаш на 47! Загрижена сум што стареам, но ти ми даваш надеж”, вели една друга корисничка.

ПРОЧИТАЈТЕ СЛЕДНО: Мајка ми има 58 години, а изгледа на 40: Таа секоја вечер го мачка лицето со овој домашен крем – ОВДЕ. ВЕСНА: Имам 64 години, а изгледам на 42, го пијам само овој СОК и болестите не допираат до мене – ОВДЕ.