Владан Глигориќ од Лозница и покрај тешките дијагнози, толку бил сигурен во себе и во своето излекување, што уште пред да му биде направена првата операција, напишал книга за својата победа.

Владан Глигориќ (41) од Лозница, пред пет години дознал дека боледува од рак на дебело црево и веднаш решил да ја совлада болеста. Толку бил сигурен во своето излекување, што уште пред да му биде направена операцијата и пред почетокот на лекувањето, тој напишал книга за својата победа, со наслов “Како го победив ракот”.

Глигориќ раскажува дека не се чувствувал добро, а потоа дознал дека боледува од рак на дебело црево. После прегледот на VMA, дознал дека болеста е малигна, во метастази и дека дошле до белите дробови. Така тој всушност се борел со два рака.

-Доцна отидов на прв преглед, дури откако ослабев 15 кг, бев пропаднат и постојано уморен. Анализата на крвта покажа дека во тој момент имам само околу 60 мерни единици хемоглобин и под 2 железо.

Кога ја слушнав дијагнозата, ми се разјаснија и симптомите кои траеја месеци пред тоа: повремена болка во стомакот, неправилна и нередовна столица, умор како последица од анемија, психолошка раздразливост, можеби депресија и секако, упорна несоница – раскажува Владан и открива низ што сè поминал во текот на лекувањето.

-Како се чувствувавте кога ја дознавте дијагнозата?

-После такви резултати од крвната слика, од лабораторијата веднаш ме предупредија дека можеби боледувам од најтешка болест. Поминав повеќе од 7 дена во болница. И покрај барањето да бидам прегледам од малигни заболувања, тие ништо не открија и ме отпуштија со дијагноза – анемија.

Кога видов дека препишаните лекови за железо не ми помагаат и кога во упатството прочитав дека не делуваат во случај на малигни заболувања, одлучив, и месец дена подоцно успеав да отидам на преглед на д-р Сашо Периќ, одличен гастроентеоролог. Тогаш го продолжив лекувањето на VMA.

Д-р Периќ со колоноскоп утврди дека имам рак на дебело црево со пречник од 10 см, колонот беше речиси целосно затнат – С18. Кога со понатамошните анализи на VMA ми пронајдоа метастаза на левото белодробно крило со пречник од 30mn, јас психички паднав, се борев со стравови и се обидував да го истерам песимизмот од мене.

Но, одеднаш толку станав сигурен во својата победа, што уште на почетокот кога имав само една лоша дијагноза и никакви гаранции, почнав да ја пишувам книгата Како го победив ракот. Намерно ја пишував во минато време, како веќе да сум го победил. Со гордост можам да кажам дека книгата е во подготовки и наскоро ќе излезе. Приходот од книгата ќе оди во хуманитарни цели.

-Колку долго бевте на VMA и која терапија ја примавте?

-Врз основа на прегледите пред операцијата, поминав еден месец и уште 15 дена на опоравок од првата операција на стомак.

Два месеци после првата операција започнав со терапиите и тоа два вида истовремено. Поминав три циклуси од 14 дена, со седум дена одмор помеѓу. После шест месеци од првата операција отидов на операција на гради, кога ми беше отстранет дел од левото белодробно крило. После операцијата веќе изгледав многу подобро, резултатите беа подобри… продолживме со уште три циклуси таблети за да поминам минимум шест терапии.

-Како течеше опоравувањето? После колку време се чувствувавте подобро?

-Токму како што ми објасни д-р Периќ, ракот има многу брз метаболизам и ја зима целата храна од организмот, состојките од т.н. депо на организмот и поради тоа се губат килограмите. На крај го троши и железото од крвта. Дури кога ќе се извади туморот, почнува да се подобрува состојбата.

При првата операција на стомакот изгледав очајно и состојбата ми беше многу лоша. После тоа ми започна опоравувањето и тоа со правилна исхрана и редовен сон. Два-три месеци подоцна изгледав речиси нормално, речиси потполно здраво.

Многу луѓе од моето опкружување не знаеја ни дали сум болен, ни дали одам на хемотерапија, бидејќи мене ниту косата не ми отпадна. Имав неверојатна енергија. Толку посакував и верував во победата, што метастазата во белите дробови речиси исчезна. Шест месеци после втората операција на гради, на повторената анализа, неше утврдено дека ракот, како што велат докторите, се исушил и дека има само трага од него која се гледа на скенерот.

-Што променивте во исхраната кога дознавте за дијагнозата?

-По советот на мојот доктор јадев сè, само многу поздраво, поредовно и поразновидно. Користев и масла, чаеви… ретко црвено месо, брашно, шеќер, па дури ни цигарите не ги оставив, ама ги намалив.

-Како денес изгледа вашето мени?

-Внесувам разни салати, преливи…Љубител сум на италијанската кујна, во чинијата не ми недостига ниту месото… Секако ги исфрлив нездравите слатки, грицки, газираните пијалаци.

-Со што го јакнете имунитетот?

-Најчесто со коприва помешана со мед и јаткасто овошје (бадеми, ореви, лешници, семки од кајсија), сите видови сезонски овошја и зеленчук, брокула, спанаќ и разни додатоци…

-Каков е вашиот совет за сите заболени?

-Јадете здраво и разновидно, мислете позитивно, бидете здрави. Ракот е излечлив.