ХРОНО рецепт за суперздрав и вкусен леб со 3 вида брашно

Потребни состојки:

300 г пченично интегрално брашно

150 г јачменово интегрално брашно 

50 г интегрално брашно од хељда

Loading...

450 мл вода 

3 лажици маслиново масло 

1 лажиче сол 

1 прашок печиво

1/2 лажиче сода бикарбона

Постапка:

Се мешаат во длабок сад солта, маслото, водата и трите вида брашно. Со миксер со маталки за тесто се соединува смесата. 

Го покриваме садот и оставме да отстои 6 часа. 

Потоа се додаваат содата и прашоко за печиво и повторно сето заедно се соединува. На крај се додава лимоновиот сок.

Вака добиеното тесто се распоредува во мала ростер тава, обложена со хартија. 

Тестото одозгора се наросува со сусам. 

Се пече 30 минути на 200 степени.

Испечениот леб се остава на решетка целосно да излади, па се сече на парчиња.

Loading...