Целерот содржи супстанции кои предизвикуваат регулација на шеќерот во кpвта во човечкото тело и ја згаснува желбата за слатки. Богато со растителни влакна ја намалува потребата од прејадување, а голем дел од водата помага да се чувствувате сити подолго време.

Голем процент вода го прави целерот идеална летна храна со која можете да му ги обезбедите на организмот потребните количини на течности. Покрај тоа, ова растение нискокалорично, односно во 100 г целер се содржат само 7 калории.

Токму поради ниската калорична содржина, целерот е одличен како закуска, помеѓу оброците за време на диетата. Тој му обезбедува на организмот важни хранливи состојки кои го регулираат метаболизмот на мастите.

Го освежува здивот

Грицкањето на свежа дршка од целер или пиењето сок од целер може да го отстрани лошиот здив. Имено, крцкавата структура на стеблото ја зголемува количината на плунка во устата и со тоа се отстранува лошиот здив.

РЕЦЕПТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО К РВТА

Потребни состојки: 300 г корен од целер и 6 лимони. Постапка: Изрендајте го измиениот корен од целер и ставете го во емајлиран сад. Садот не смее да биде оште-тен. Потоа, додајте го исцедениот сок од лимоните.

Затворете го садот, па вметнете го врз друг поголем сад кој претходно сте го наполниле со вода. Ставете го на оган водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие намалете ја температурата. Целерот треба да се готви со лимоновиот сок, на водена пареа, два часа.

Потоа тргнете го садот од оган, но не го отворајте капакот од тенџерето сè додека целосно да излади. Изладената смеса ставете ја во стаклена тегла, затворете добро и чувајте во фрижидер.

Употреба: Треба да се пие по 1 лажица од овој домашен пијалак, секое утро на празен стомак, 30 минути пред појадок. Смесата е доволна за 2 месеци. По 2 месеци, нивото на шеќерот во кр-вта ќе ви биде во нормални граници.

РЕЦЕПТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ И ТРИГЛИЦЕРИДИТЕ

Фотографија и рецепт на Весна Несовановиќ. На овој рецепт некаде налетав, а во оригиналот пишуваше целерот да се употреби без листови. Но, кога се посоветував со мојот лекар-кардиолог, кој воедно ми е и куќен пријател, ми предложи да го користам и листот од целерот.

Исто така, ми советуваше на контрола за холестеролот и триглицеридите да одам 3-4 седмици после престанокот на користење на овој напиток. Овој напиток го користев минатата година и се покажа како многу делотворен. Испив вкупно 3 дози и тоа двапати дневно пиев по 100 мл пред појадок и пред вечера, бидејќи не вечерам.

Холестеролот претходно пред користењето на овој напиток ми изнесуваше 6,99, а после тоа падна на 4,13, а триглицеридите од 2,34 на 0,77, односно на граница на нормала. Овој напиток треба да се користи барем еднаш во годината за да се одржува холестеролот и триглицеридите во граници на нормалата.

Потребни состојки: 400 г целер, 1 кг лимон и 2 литри вода.

Постапка: Коренот од целер убаво се мие и се лупи. Листовите исто така добро се мијат. Лимонот се мие со ладна вода и се остава неколку часа во раствор од сода бикарбона. Потоа се плакне и со н ож за лупење компири му се лупи надворешната кора, без белиот дел кој дава горчина.

Во поголемо тенџере ставете 2 литри вода. Целерот изрендајте го на ситното ренде (или во блендер), па ставете го во водата заедно со листовите од целер и лимоновата кора. Се става на силен оган, па од моментот на зовривање се намалува на умерено и се остава да се вари 20 минути.

Потоа се поклопува и се остава да излади најмалку 6 часа или преку целата ноќ. Од излупените лимони им се отстранува белата кора и целите лимони се ставаат со блендер.

Водата со целерот и лимоновата кора се процедува со помош на преса за компир, па во течноста се додава изблендираниот лимонов сок. Потоа уште двапати се процедува низ цедалка. Се складира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Од оваа количина излегува 2,7 литри лековит напиток.

УПОТРЕБА: Се пие по 100 мл 3 пати дневно 20-30 минути пред главните оброци. Пред да ја потрошите последната доза, направете нова за немате прекин во текот на користењето. Вкупно се пијат три дози, а кр-вна анализа се прави после 3-4 седмици откако ќе се испие последната тура.

ЛЕК ПРОТИВ БАКТЕРИЈАТА ЕШЕРИХИЈА КОЛИ

Исто така, со целер се приготвува и лек за Ешерихирија Коли. Потребни состојки: 300 г корен од целер со лист, 2 цели лимони, 1 литар вода.

Постапка: Целерот се мие и се лупи, па се блендира заедно со лимонот заедно со кората, па се прелива со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено преку цела ноќ или 12 часа. Потоа се процедува и се пие 4 дена по ред, по една шолја наутро на гладно.

ЛЕК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА

Потребни состојки: ½ ананас со средна големина, 3 стапчиња целер, половина салата марула – Ајсберг, 1 краставица, 20 грама свеж ѓумбир.

Подготовка: Сè што треба да направите е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги изблендирате. Половина од напитокот испијте го наутро, а другата половина, навечер, еден час пред спиење. Во меѓувреме, сокот чувајте го во фрижидер, во стаклен сад со поклопец.

Рецепт за сок од целер

Потребни состојки: 220 г сечкани стебленца целер, 1 мала шолја вода.

Подготовка: Добро измијте ги и исечкајте ги стебленцата на целерот на парчиња.
Исечете го стеблото од целер на парчиња. Ставете ги во соковник, а потоа додајте малку вода.

Вклучете го соковникот и оставете го да работи додека да добиете течност, без парчиња или остатоци од целер. Сокот може, но и не мора да го процедите.

Брзо и ефикасно да го лекувате и подобрите вашето здравје, воведете во исхраната сок од дршки од целер во вашата дневна рутина

Пијте околу 200 мл свеж сок секое утро на празен стомак. Обидете се да не додавате други состојки во сокот. Сокот од целер е медицински, а не калоричен пијалак, затоа појадокот после пиењето на сокот е задолжителен. Почекајте најмалку 15 минути откако ќе го испиете сокот пред да појадувате.

Ако на почетокот ви се чини многу 200 мл сок, започнете со помало количество или во комбинација со други овошја, а постепено зголемувајте ја количината до 200 мл. Освен наутро, можете да го пиете и попладне.

Ако на почетокот сè уште ви е тешко да се навикнете на силниот вкус на сок од целер, препорачуваме да пробате сок од целер, брокула, моркови и краставица.

Потребни состојки: 150 г целер (3 стебленца), 250 г брокула (3 средни соцветија), 250 г моркови, 100 г краставица.

Подготовка: Измијте ги и исчистете ги потребните состојки и излупете ги морковите и краставиците. Исечкајте ги на парчиња, а потоа сите зеленчуци ставете ги во блендер. Блендирајте додека да добиете совршена текстура без остатоци.

Претурете го сокот во чаши и испијте го свежо подготвен. Доколку сокот е премногу густ, разредете го со малку вода. Иако има многу придобивки, сокот од целер не се препорачува за секого.

Целерот, како и многу други билки, може да предизвика алергиски реакции. Ако сте алергични на диви моркови, бреза, глуварче или црн пелин, многу е веројатно дека сте алергични и на целер.

Доколку не сте сигурни, обратете внимание на појавата на симптоми на алергија, како што се: осип, чешање, отежнато ди-шење, оте-кување на усните и јазикот и слично.

Исто така, целерот во која било друга форма во никој случај не се препорачува за бремени жени и доилки. Ако имате закажана опеpација, не пијте сок од целер најмалку две недели пред тоа. Конcултирате се со вашиот лекар за да избегнете можни несакани ефекти.

Целерот е едногодишно или двегодишно растение од семејството Apiaciae, кое се одгледува како зеленчук уште од античко време. Стеблото е разгрането и високо од 40 – 80 цм, на чиј врв растат перјасти листови кои потсетуваат на оние од магдоносот, само малку потемни, посјајни и поголеми.

Овој зеленчук е познат уште од древни времиња. Пронајден е во пирамидата на Тутанкамон која датира од 1323 година п.н.е. Се користел во античка Грција, па дури се споменува и во книгите „Илијада“ и „Одисеја“ на Хомер.

Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол.

Коренот, стеблото и листот се користат во исхраната. Тој е неопходен дел од подготовката на супи, салати, чорби, а сувите семки од целер се користат како зачин.

При изборот на целер, обратете внимание на неколку работи. Прво, коренот треба да биде цврст, а стеблото свежо и крцкаво, без траги на сушење и гниење.

Кога стои, целерот ја губи својата боја и хранливи материи, затоа не купувајте исечен, туку само свеж. Бидете сигурни дека листовите од целер се светло зелени.

Целерот може да го најдете преку цела година, иако најдобро е на есен. Коренот на целерот може да издржи до 7 недели на температура помеѓу 0 и 2 степени, додека стеблото може да се чува најмногу 1 недела, по што ја губи својата хранлива вредност.

Лековитите својства на зеленчукот познати се многу одамна, а ги користеле и нашите предци. Луѓето одгледувале целер затоа што сметале дека го зајакнува имунитетот, а семето се користело за ублажување на разни б олки.

Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Ова растение е богато со лутеолин – флавоноид кој произведува природен антивоспалително дејство кое спречува мозочни заболувања, ги подобрува неговите когнитивни функции и ја штити и подобрува меморијата.

Го ублажува хроничното воспаление

Полиацетиленот кој се наоѓа во целерот е неверојатен лек за подобрување на воспалението, вклучувајќи артритис, остеоартритис, астма, ревматизам и бронхитис.

Неговите антиинфламаторни својства помагаат во намалување на отокот, при третман на болни зглобови и истовремено ги релаксираат мускулите. Покрај тоа, целерот го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и дивертикулоза.

Богат е со витамин К

Истражувањата покажуваат дека витаминот К, добиен од растенијата, е еден од најефикасните во заштитата од остеопороза и фpактури или пyкнатини во коcките. Овој витамин овозможува таложење на калциум во коcките и спречува формирање на остеокласти, односно клетки што ги распаѓаат коcките.

Симптоми на недостаток на витамин К можат да бидат: кpвавење од носот, долго кpвавење од повреди и pани кои полека заздравуваат, а кај жените тие исто така се појавуваат како обилно кpвавење за време на менструацијата.

Ако забележите слични симптоми, тоа е уште една причина да започнете со дневно внесување на природен сок од целер.

Освен витамин К, и за слични цели, овој зелен лиснат зеленчук се препорачува бидејќи содржи и други минерали кои ги зацврстуваат и градат коските, а меѓу нив се: магнезиум, калциум, бор, фосфор и други.

Го намалува и регулира кр-вниот притисок

Фармацевтите научно докажаа дека високиот кр-вен притисок се намалува за 14% по само неколку недели конcумирање сок од целер. Ако имате проблеми со висок кpвен притисок, сокот од целер е еден од најефикасните начини за намалување на истиот.

Супстанциите кои се содржат во целерот помагаат да се релаксираат мускулите околу кpвните садови, проширувајќи ги и овозможуваат полесен проток на кpв низ нив.

Покрај тоа, фталидите, кои се дел од целерот, го намалуваат нивото на кортизол, хормон на стpесот што предизвикува стеснување на кpвните садови.

За третман на висок кpвен притисок, се препорачува да пиете чаша сок од целер дневно или да јадете 4 стебленца целер.

Го намалува ризикот од рак

Меѓу мнозинството совети во боpбата против pакот е дека суровиот зеленчук е најдобар за секаков вид на третман. Лидер меѓу нив е целерот.

Ова растение содржи 18 различни антиканцерогени соединенија кои ги неутрализираат канцерогените материи од цигарите и другите агенси за појава на pак.

Редовното пиење сок од целер спречува метаcтазирање на мaлигни клетки

Друга придобивка на лутеолинот е тоа што ги потиснува гените поврзани со pакот , истовремено намалувајќи ја пролиферацијата на кр-вните садови околу тyморите. Ацетилените и фенолната киселина исто така помагаат.

Истражувања спроведени во Холандија покажаа дека апигенинот, кој е дел од целерот и јагликата, го запира растот на два вида клетки кои се јавуваат при леyкемија.

Една од најважните придобивки на целерот е неговата придобивка во спречување на развој на каpцином на дебело црево и стомак.

Го подобрува имунитетот

Богатството на витамин Ц ги прави целерот и сокот од целер најдобрите сојузници на силниот имунитет. Целерот ги намалува симптомите на настинка, а особено се препорачува конcумирање кога сте болни или сте настинати.

Има корисен ефект врз кожата

Ако се бо-рите со акни на лицето или имате проблеми со кожата, редовното пиење на сок од целер ќе ви помогне во таа боpба. Целерот е богат со минерали кои помагаат во одржување на цврстината и еластичноста на кожата и витамини Ц и Б кои значително придонесуваат за нејзиното здравје.

Сокот од целер ќе ви помогне да се ослободите од несаканите акни. Освен за кожата, целерот е корисен и за здравјето на косата и очите.

Го намалува холестеролот

Целерот го намалува нивото на холестерол за дури седумпати ако пиете сок од дршка од целер само четирипати неделно. Покрај тоа, помага при лачење на жолчни киселини. Сепак, мора да бидете трпеливи и упорни, бидејќи резултатот може да се појави само по 8 недели.

Го намалува ризикот од појава на чир на желудник

Целерот има повеќе од корисен ефект врз намалување на појавата на чир на желудник, како и на бактериите што го предизвикуваат. За лекување на чиреви, препорачливо е да пиете сок од целер секој ден, но и да го јадете во свежа форма.

Го регулира правилното варење на храната

Сокот од дршката на целерот ја зајакнува хлороводородната киселина во организмот, одговорна за варењето на храната. Кога јадете, храната оди во стомакот и се вари таму со помош на хлороводородна киселина.

Меѓутоа, ако нивото на хлороводородна киселина не е во рамнотежа или е многу ниско, храната во стомакот нема да се свари доволно, формирајќи лоши киселини.

Една чаша сок од целер, наутро на празен стомак, ќе ви помогне правилно да се свари храната што ќе ја конcумирате во текот на целиот ден.

Специјалните хранливи материи од целерот помагаат во регулирање на подвижноста на цревата, што го прави природен лаксатив. Помага при ублажување на подуеност и запек.

Го одржува здравјето на уринарниот систем

Една од придобивките на овој сок што не смееме да го изоставиме е неговиот диуретичен ефект. Целерот му помага на телото да се ослободи од токcините од телото, а тоа вклучува и разградување на камењата во бубрезите или жолчката.

Сокот од целер е богат со калиум и натриум, кои го стимулираат производството на урина, го намалуваат нивото на мочна киселина и му помагаат на телото да се ослободи од вишокот течности.

Покрај тоа, тој овозможува правилно функционирање на бубрезите и мочниот меур и го намалува растот на бактериите. Ако стpадате од чести воспаленија на уринарниот тракт, започнете редовно да конcумирате сок од целер што е можно поскоро. Маслото од целер делува и против бактеријата Ешерихија Коли.

Го ублажува менcтруалниот циклус

Сокот од целер им помага на жените кои имаат бoлни менcтруални циклуси. Исто така, помага во лекување на чести инфекции.