Home ТЕСТО ХИТ ПЛЕТЕНКИ…Подобри од пекарница…Нов трик за изработка на најубавото памук печиво…

ХИТ ПЛЕТЕНКИ…Подобри од пекарница…Нов трик за изработка на најубавото памук печиво…

ХИТ ПЛЕТЕНКИ…Подобри од пекарница…Нов трик за изработка на најубавото памук печиво…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица сув квасец
1 лажица шеќер
400 мл млако млеко
50 мл масло
600 г брашно
1 лажичка сол

За премачкување:
1 жолчка
1 лажица млеко

ПОСТАПКА:

Замесете меко тесто и оставете го покриено да стасува додека убаво да го удвои волуменот. Истресете го на малку набрашнета површина и поделете го на 8 топчиња. Покријте ги да не се сушат.

Отворете едно топче во тркалезна кора со големина на чинија. Преклопете го на половина. Засечете лентички со широчина од 1.5-2 см. Протнувајте ги едно во друго, така да се надоврзат како синџир (погледни видео 3:56 минута).

Отворете ја кората, со плетенката од долната страна. Свиткајте ролнички од едната и од другата страна, па спојте ги во средината. По желба, пред виткањето можете да ставите фил во средината, па да го затворите тестото.

Плетенките редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги покриени да одморат 10 минути додека се загрева рерната на 180 степени. Премачкјате ги со жолчка и печете ги 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: