Хипократова супа и планот на Герсон за лeкување на болни од најтешки болести преку исхрана

loading...

Доколку се одлучите на овој вид исхрана, за многу кратко време ќе успеете да го регенерирате организмот хранејќи го телото со седум до девет килограми органско овошје и зеленчук, кое најчесто се консумира во облик на сокови и тоа до 13 чаши дневно.

На овој начин, оксигенацијата на организмот се зголемува, а истражувањата потврдија дека токму недостигот на кислород во крвта е една од причините за појава на најтешко излечливите дегенеративни болести.

Доктор Герсон во речиси сите свои списи го нагласува консумирањето на салати од сирово овошје и зеленчук. Најефикасните состојки на салатите вклучуваат јаболка, моркови, целер, зелена салата, брокула, домати, зелена пиперка, ротквички, репки и зелка. Оброците со компир се препорачуваат за ручек и вечера, а еднаш седмично може да ги заменат со оброци од интегрален ориз.

loading...

За појадок се препорачува овесна каша во која може да се додадат парчиња јаболко, папаја или друго свежо овошје. Мед и јаворов сируп смеат да ги консумираат сите освен дијабетичарите и лица кои боледуваат од хипогликемија.

Оброците со компир се препорачуваат за ручек и вечера, а еднаш седмично може да ги заменат оброците со интегрален ориз. За вечера се препорачува лековитата ХИПОКРАТОВА супа, за чиј рецепт се верува дека го смислил самиот татко на медицината пред 2500 години, според кој го добила името.

Потребни ви се следните состојки:

1 корен од целер

1 корен од магдонос со средна величина

2 главици кромид

1 страк праз

лук по желба

600 г домати

400 г компири

Постапка:

Наведените намирници исечкајте ги и ставете ги во шерпа, па потопете ги со свежа, чиста вода, по можност изворска, планинска. Гответе додека зеленчукот да омекне. Супата се консумира топла, а може да се чува во фрижидер до два дена.

Овој начин на исхрана е докажано делотворен во лекувањето на високиот и нискиот крвен притисок, болести на бубрезите, артритис, мултипла склероза и рак.

План за консумирање на природни сокови

Она за што се залагаше д-р Герсон во текот на своите истражувања е вегетаријанската исхрана, па така тој успеал да го прецизира планот по часови за консумирање на соковите кои се неопходни во детоксикацијата на организмот.

Потребно е стриктно придржување до овој план за да има време телото да се навикне и на најдобриот можен начин да ги искористи сите хранливи и лековити материи кои ќе ги внесете во организмот.

ПЛАН

8:00 – Пред појадок се пие една чаша свеж сок од портокал

9:00 – Една чаша сок од зелено овошје и зеленчук

10:00 – Чаша сок од морков и јаболко

11:00 – Здрав напиток од морков

12:00 – Повторно испијте чаша зелен сок (лиснат зеленчук)

13:00 – Со ручекот испијте чаша свеж сок од морков и јаболко

14:00 – чаша зелен сок

15:00 и 16:00 – повторно испијте чаша сок од морков

17:00 – чаша сок од морков и јаболко

18:00 – зелен сок

19:00 – за вечера и денот завршете го со сок од морков и јаболко

Америчка докторка: “Ракот повеќе не ме плаши”

За тоа колку е популарен и успешен Герсоновиот метод сведочат бројни излекувани пациенти ширум светот кои ја донеле најдобрата одлука во својот живот, одлучувајќи да го испробаат Герсоновиот начин на исхрана.

На интернет може да се пронајдат детални податоци за успешноста на овој метод, особено во лекувањето на меланом во рана фаза каде стапката за излекување е неверојатни 80-95%.

Лорин Деј, америчка докторка пред неколку години и самата боледувала од рак на дојка. Денес е жива и здрава и таа е редовен гостин на телевизиски емиси во кои сведочи за успешноста на Герсоновата терапија.

Дури била и гостин во популарната емисија Шоуто на Опра, во која ја претставила својата книга Ракот веќе не ме плаши.

Таа изјавила дека докторите откако и дијагностицирале рак, на некој начин веќе ја осудиле на смрт и таа дошла до заклучок дека модерната медицина повеќе не се занимава со решавање на ракот како проблем.

Огорчена од незаинтересираноста на своите колеги за измајдување на лек за најтешките болести, Лорин станала голем заговорник на алтернативните и природни начини на лекување на оваа болест.

Во чест на овој голем доктор кој умрел во 1959 година, основан е Здравствен центар во Мексико и Унгарија кои и денес примаат и успешно лекуваат пациенти според Герсоновиот метод.

loading...