На сите им е јасно колку е здрав ѓумбирот и колку позитивно влијае врз здравјето на организмот. Не само што е вкусен и им дава одлична арома на јадењата, туку тој помага во одржувањето на целокупното здравје на организмот. Сепак, има некои случаи кога не треба да го конcyмираме.

NMD.mk




Бременост – Бремените жени не треба да користат ѓумбир бидејќи може да доведе до предвремени контpaкции.

Дијабетичари – Луѓето кои имаат дијабетес и инјектиpaaт инсулин или земаат апчиња не треба да користат ѓумбир. Причината е затоа што премногу ќе го намалите шеќерот со лековите, а познато е дека ѓумбирот има исто такво дејство..




Ѓумбирот, исто така, треба да се избегнува ако користите антикоагуланси (за разредување на кр-вта, за спречување на згутчување).

Ѓумбирот не смеат да го користат ниту луѓе кои имаат камења во жолчката, бидејќи го поттикнува излачувањето на жолчен сок, па би можело да се предизвика придвижување. Сите останати можат да ги користат бенефитите кои ги дава овој необичен корен.




ЧАЈ ОД ЃУМБИР

Ѓумбирот поседува неверојатни лековити својства и секој треба да го консумира (освен горе наведените случаи). Посебно внимание треба да се посвети на чајот од ѓумбир.




Со оглед на тоа што ѓумбирот содржи многу активни материи, пред сè ѓумбироли и ѓумбирдиол, кои имаат антибактериско, антивирусно и антигабично дејство, пожелно е да се користи чај од ѓумбир за да се зајакне имунолошкиот систем, а со тоа да се спречи вашето тело да биде на-паднато од некои болести.




Многу од состојките содржани во ова растение имаат антиинфламаторно дејство, па можете да го користите за лекување болести, но и за осло-бодување од б олките кои се појавуваат во зглобовите и мускулите.




Докажано е дека ѓумбирот ја подобрува функцијата на мозокот, концентрацијата и меморијата. Покрај тоа, ќе се осло-бодите од дијареа, га-дење, по-враќање. Еве како сами да си подготвите чај од ѓумбир, бидејќи со негова помош, на најлесен и најбрз начин можете да му помогнете на вашето тело.




Потребни состојки: една чаша вода, 5 парчиња корен од ѓумбир (вкупно околу 3 см), една лажица мед. Постапка: оставете ја водата да зоврие, а за тоа време излупете го ѓумбирот и исечкајте го на помали парчиња.




Додајте го во зовриената вода и оставете го да се готви 5 минути, по што треба да го тргнете од оган. Поклопете и оставете да се лади. Во изладениот чај додајте мед и почнете да го консумирате. За многу кратко време ќе го забележите позитивното дејство на чајот.