Кога дојдоа гостите и ја пробаа оваа пита со гриз и јогурт, без воодушевени од вкусот и низ шега прашаа каде сме ја кpиеле досега. Колачот е сочен и многу вкусен, секој залак се топи во yста. Во продолжение прочитајте ги нашите предлози, а вие одберете по ваш вкус. Еве што ви е потребно за да приготвите гриз пита:




РЕЦЕПТ 1 (солена/неутрална пита) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 4 јајца со средна големина, 100 мл масло (половина за подмачкување на плехот а половина за тестото), 4 супени лажици гриз, 500 мл јогурт, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 мала лажичка сол

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (слатка пита со сируп) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 листови за пита/баклава, 1 литар млеко, 6 јајца, 130 г гриз, 250 г шеќер, 2 лажици ванила, 150 г путер. ЗА СИРУП: 1 чаша (250 мл) вода, 1 чаша шеќер, ситно рендана кора од 1 лимон, сок од половина лимон

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Веднаш на почетокот вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Плехот со димензии 35х25 см подмачкајте го со масло и во него ставете една кора. Останатите кори преклопувајте ги по должина така да се добие хармоника и редете во плехот.




Направете смеса од јајца, масло, гриз, јогурт, прашок за печиво и сол. Најпрво пенасто изматете ги јајцата, па додека матоте во тенок млаз додајте го маслото и сите останати сосатојки. Смесата истурете ја помеѓу преклопите, да се пополнат сите кори, па протресете го плехот за да се израмни.




Ставете ја питата да се пече. Кога малку ќе зарумени намалете ја температурата на 150-160 степени и печете ја додека да биде готова. Послужете ја топла, но многу е вкусна и кога ќе се олади. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Измешајте ги јајцата, гризот и шеќерот. Најпрво пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот и матете додека да се згуснат (не мора премногу долго), па потоа додајте го гризот и изедначете ја смесата.




Млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие намалете ја температурата и малку потргнете го тенџерето настрана, па постепено, во тенок млаг додајте ја смесата од јајца и гриз и непрекинато мешајте. Варете го гризот додека да згусне (ќе биде и малку пенасто).




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Намастете една тепсија со средна големина, па наредете шест кори, секоја намастена со краевите малку подигнати, да можат да се свиткаат кон внатре и малку да ја преклопат питата (да се затвоpи филот).




Сипете ја целата смеса внатре, распоредете рамномерно, па преклопете ги листовите кон внатре. Останатите шест кори исто така намастени со растопен путер, наредете ги одозгора една врз друга, така што краевите ќе ги подбутнете внатре, како да местите чаршав на кревет.




Питата ставете ја да се пече во загреаната рерна 45-50 минути, додека да зарумени. Потоа пригответе го сирупот. Сите состојки ставете ги во тенџере на оган. Од моментот на зовривање, намалете ја температурата и варете го сирупот 5 минути.




Оставете го сирупот 5-6 минути настрана, а потоа полека со кутлача залијте ја рамномерно питата. Оставете сирупот да се впие и целата пита да се олади на собна температура, а потоа добро изладете ја во фрижидер пред послужување, најдобро преку цела ноќ.