Ова е толку лесен колач кој ќе ве освои после првиот залак. Кога го направив првпат се изеде во рекордно време уште истиот ден, па оттогаш редовно го приготвувам, но и некогаш го кријам во фрижидерот.

За да го приготвите овој колач не ви е потребна никаква посебна вештина, а ќе се уверите дека на сите ќе им се допадне. Ќе ви откријам 2 рецепти, првиот се прави со млеко и пудинг од ванила, а вториот се вари во вода и малку цимет и се прелива со чоколадна глазура. Вие одберете кој повеќе ви се допаѓа:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 мл млеко, 40 г пудинг со вкус на ванила (1 кесичка), 7 лажици гриз, 4-8 супени лажици шеќер (количината сами одредете ја според вкус), 100 г несолен путер, 100 г плазма кекси и малку млеко за нивно натопување. Калап можете да користите каков сакате, некој со помали димензии.




ПОСТАПКА: Во посебен сад измешајте 7 лажици гриз и 40 г пудинг, па започнете постепено да додавате 250 мл млеко. мешајте добро додека да се растворат состојките и да добиете изедначена смеса без грутчиња.

Остатокот од млекото (500 мл) ставете го во тенџере на оган, па откако ќе зоврие малку намалете ја температурата и постепено додајте ја мешавината од гриз и пудинг. Варете на тивко додека убаво да се згусне со непрекинато мешање.




Кога тенџерето ќе го тргнете од оган, веднаш додајте го путерот исечкан на коцки и мешајте додека тој да се растопи и да се инкорпорира во кремот. Оставете целосно да се олади (покриено со кеса или со повремено промешување за да не фати коричка).

Калап за леб или ролат (долг, тесен и длабок или калап по ваш избор) обложете го со проѕирна-стреч фолија, па истурете го внатре кремот и израмнете. Добро протресете за да се пополнат сите евентуални празнини.




Одозгора наредете плазма кекси претходно кратко натопувани во млеко, завиткајте го колачот во фолија и оставете го во фрижидер да се олади неколку часа. Потоа превртете го на десертна тацна и послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Еве го и вториот рецепт, кој е еднакво брз и лесен како првиот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г путер, 50 мл масло, 200 г пченичен гриз, 400 мл вода, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер (10 г) и 10 г цимет (во оригиналот пишува 20 г, ама 10 г се доволни). ЗА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 30 г путер и 50 мл млеко, *за глазура може и 100 г чоколадо растопено со 3 лажици масло.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Загревајте на тивок оган да се готви, а кога ќе започне да врие оставете 5 минути па тргнете на страна. Во друг сад ставете путер и масло, на тивок оган загревајте ги за да се растопат.

Потоа додајте го гризот со постојано мешање со жица или лажица додека гризот да добие жолтеникава боја. Внимавајте да не ви загори. Кога ќе добие боја, додајте го шербетот од првиот сад, добро промешајте да се соедини и гответе заедно на тивко уште 2-3 минути, убаво да се поврзат.




Излејте во помал плех 20х25 см, а кога ќе излади одозгора ставете чоколадна глазура. *кај ваквите, непечени колачи, плехот може многу малку да се намасти, па колачот при вадењето и сервирањето полесно ќе се вади. За чоколадна глазура: на пареа растопете чоколадо искршено на коцки, путер и млеко (или во микробранова печка).




Колачот е најдобро да се остави преку ноќ да излади. Ова е колач кој со стоење станува уште подобар, бидејќи останува влажен и после неколку денови. Може да се направи и посен, ако наместо путер се употреби маргарин.