Потребни состојки:

1 лажичка маслиново масло

½ чешне лук

1 лажица свежо оригано или ½ лажичка суво

1 шолја сечкани домати

½ лажичка сол

¼ лажичка црн пипер

2 кори лазања

¼ шолја рикота сирење

3-4 парчиња моцарела

1 лажица пармезан

1 лажица свеж босилек

1 готов болоњезе сос

печурки по желба

Постапка:

Пригответе чиста тегла и во неа измешајте масло, лук, печурки, оригано, доматен сос, болоњезе сос, сол и црн пипер. Ставете во микробранова печка на 1-2 минути колку да омекне зеленчукот.

Во друга шолја наредете ред искршени лазањи, ред сос, па ред сирење. Завршете така што врз најгорниот слој ќе наросите пармезан.

Вратете во микробранова печка на 30 до 60 секунди, во зависност од јачината.