Кога ќе ми се најават некои гости, а јас дома немам ништо подготвено, секогаш ги користам овие рецепти за печива кои ме вадат од секоја непријатна ситуација. Ќе се шмугнам во кујната и веднаш ги замесувам и ги ставам на печење, додека истовремено на гостите им варам кафе. Тестото е многу едноставно, се прави со неколку базични состојки. Излегува многу меко, а филот може да го подготвувате по ваш вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 чаши брашно, 4 лажици путер, 4 лажички прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 чаша јогурт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, ½ лажичка сол, 1 шолја (од 250 мл) јогурт на собна температура, 1 шолја брашно, 1 лажичка сода бикарбона (или прашок за печиво). ЗА ФИЛ: 300 г мелено месо, 2-3 главици кромид, сол и црн пипер по вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 500 г брашно, 180 мл топло млеко, 2 јајца, 60 мл топла вода, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 2 лажички сув квасец, 50 г растопен путер, 1 жолчка и 2 лажици млеко – за премачкување.

ТРЕТ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Веднаш загрејте ја рерната на 220 степени, во сад истурете ги сите состојки освен јогуртот. Со раце измесете ги коцките путер додека да се измешаат со брашното и другите состојки. Потоа истурете го цврстиот јогурт или киселата павлака и измешајте со виљушка или лажица.




Замесете фино и меко тесто, па развлечете го со оклагија, преклопете го, па повторно развлечете го и повторете ја постапката четирипати. На крајот развлечете го со дебелина од еден сантиметар и користете чаша за да извадите печива. Можете да сечете коцки или триаголници.




Печете ги во плех обложен со хартија за печење 10 до 12 минути. Можете да додадете сирење, зеленчук исечен на коцки, шунка или други вкусни додатоци на овие вкусни печива. Пред печењето одозгора премачкајте ги со една жолчка и наросете ги со сусам.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Состојките се за мал калап или тепсија, а вие слободно зголемете ги двојно или тројно, во зависност од количината што сакате да ја добиете. Измешајте го јогуртот со содата и оставете да отстои 5 минути. Потоа додајте ги останатите состојки за тесто и добро промешајте.




Тепсијата во која ќе ја печете питата намастете ја со масло или путер, па малку наросете ја со брашно, а вишокот истресете го. Значи, како што напоменав, за оваа количина не е потребна голема тепсија (јас користам тркалезна со 20 см во пречник), а за двојна количина користете поголема.




Излејте половина од тестото во тепсијата, рамномерно наредете го филот, па одозгора прелијте го вториот дел од тестото. Ставете да се пече во загреана рерна и печете 40 минути на 170 степени.




ВТОР РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Во еден сад измешајте брашно, сол, шеќер и сув квасец. Потоа во таа смеса додајте млеко, вода и јајца, па замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко и малку лепливо за раце, не премногу.




Кога ќе го измесите, тестото оставете го на собна температура да стасува покриено со фолија додека да се удвои. Префрлете го тестото на набрашнета површина и повторно, лесно премесете го. Формирајте валјак и поделете го 5 делови, а од секој дел формирајте топче.




Топчињата само малку сплеснете ги со дланката и редете ги во плех обложен со хартија. Покријте ги со крпа и оставете ги 15-тина минути. Потоа премачкајте ги одозгора со разматена жолчка со малку млеко и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 степени или во зависност од рерната.