Овој лек често се препорачува од лекарите за пациенти со слаб имунитет, луѓе кои се склони на чести инфекции, пациенти на хемотерапија…

Богат е со активни сусптанции кои му помагаат на телото во борбата против многу тешки болести, а може да го консумираат и здрави лица како превентива.

Потребни состојки:500 мл сок од лимон (направен од 1 кг лимон), 1 кг мед (ако е кристализиран, мешајте додека да се растопи), 350 г таан / паста од сусам, 250 г бадеми, 250 г ореви, 250 г лешници, 250 г мелен сусам (сомелен во мелница за кафе или блендер), 10 г мелен цимет или мускатно оревче и 30 мл прополис

Постапка:Лимоните исцедете ги, Додадете го медот во сокот, па мешајте додека тој да се растопи и соедини. Во смесата додадете го таанот и прополисот, па повторно мешајте додека да се соедини.

Во друг сад измешајте ги јаткастите плодови и мелениот сусам, па додадете цимет или мускатно оревче, а може и двете. Мешавината додадете ја во смесата со медот, па добро мешајте сè додека да бидете сигурни дека состојките се рамномерно распоредени и изедначени.

Вака добиената смеса складирајте ја во во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Овој лек дава одлични резултати. Пациетите со најтешки болести или на почетокот од хемотерапијата може да консумираат поголема доза, 4 супени лажици дневно:

Првата лажица наутро на празен стомак, втората лажица два часа после појадок, третата лажица два часа после ручек и последната, навечер пред спиење.

Кога ќе се стабилизира и зајакне имунолошкиот систем, дозата се намалува за половина. Се консумира по 4 мали лажички според истиот редослед. Здравите лица за одржување на имунолошкиот систем може да земаат по 4 мали лажички, како што е претходно објаснето.