ПАЛЕНТА ДИЕТАТА ТРАЕ САМО 4 ДЕНА, А КИЛОГРАМИТЕ СЕ ТОПАТ…Никогаш нема да бидете гладни, а еве во што е  тајната…

Ви откриваме одлични причини за да го започнете утрото со палента. Пченкарното брашно или пченкарниот гриз, има многу позитивно влијание врз целокупното човеково здравје. Палента не содржи глутен и се препорачува за сите возрасти.

Здравствени придобивки од палентата

Палента содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму овие здрави масти се одговорни за нејзините благотворни својства кои овозможуваат подобро и подобро функционирање на цревата.

Пченката содржи и голема количина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката од која се добива, палентата има многу мал број калории во себе, па затоа е идеален оброк за сите оние кои сакаат да ocлабат. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници кои се препорачуваат кога станува збор за диета.

Зајакнувањето на ѕидот на дебелото црево е исто така уште една предност што е забележана кај луѓето кои вклучиле палента во нивните редовни оброци. Освен што ќе се зајакне дигестивниот тракт, палентата има и антиоксидативно дејство врз целиот организам, а не само на цревата.

Го намалува холестеролот благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и влакната и сложените јаглехидрати. Палентата ќе ја спречи и појавата на вишок килограми. Како правилно да се подготви палентата?

Во тенџерето ставете 3 ипол чаши вода. После тоа, додајте малку масло и малку сол. Кога сето тоа ќе зоврие, намалете ја температурата на минимум и прелијте со една шолја пченкарна палента со постојано мешање. УПОТРЕБА: Нема да погрешите ако ги додадете омилените семки или зеленчук.

МЕНИ ЗА 4 ДЕНА (Наведените количини се однесуваат на сварена палента)

ПОНЕДЕЛНИК. Појадок: 100 г палента, една чаша нискомасен јогурт или кефир и една краставица. Ручек: 100 г палента, 50 г младо сирење и еден домат. Вечера: 100 г палента и една чаша кефир

NMD.mk

РЕЦЕПТ ЗА ПАЛЕНТА: за 100 г палента потребни се две чаши вода, сол, две јајца и две лажички сусам. ПОСТАПКА: во посолената вода која зоврела, додајте ја палентата, брзо мешајте за да не се создадат грутчиња, па додајте две свежо изматени јајца. Кога палентата е готова додајте две лажички истостиран сусам.

ВТОРНИК. Појадок: 200 г палента, една чаша нискомасен јогурт или кефир и една краставица. Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден домат. Вечера: 100 г палента, една шолја кефир.

СРЕДА. Појадок: 200 г палента, една чаша нискомасен јогурт или кефир и една краставица. Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден домат. Вечера: 200 г палента, една шолја кефир.

ЧЕТВРТОК. Појадок: 200 г палента, една чаша нискомасен јогурт или кефир и една краставица. Ручек: 300 г палента, 50 г младо сирење и еден домат. Вечера: 200 г палента, една шолја кефир.

Се разбира, само 4 дена не се доволни за да намалите доста тежина. Важно е да ги промените ло-шите навики на долг рок со цел да ги намалите вишокот к илограми и да го подобрите вашето здравје. Лебот и колачите дебелеат, па во текот на овие 4 дена ќе мора да се откажете од лебот.

NMD.mk