Го истурам брашното во зовриена вода и на лесен начин ги правам овие меурести мекици…
МЕУРЕСТИ МЕКИЦИ…Никогаш не ми здосадува да ги правам…
Многу се вкусни, еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г брашно
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
650 мл вода
НМД
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 лажици мајонез
1/2 лажичка сода бикарбона
100 мл газирана вода
1/2 лажичка сол
1 лажичка шеќер
250 г брашно
НМД
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша кефир/јогурт
1 лажица мајонез
1/2 лажичка сол
2 лажички шеќер
1 јајце
1 лажичка прашок за печиво
2 чаши брашно +-
НМД
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Брашното просејте го и помешајте го со солта и шеќерот, па исурете го во зовриената вода и мешајте додека сета да ја впие. Претурете го тестото во друг сад и оставете го малку да се подизлади за да можете да го месите со рака, пишува НМД.
Намастете го со лажичка масло и осипете го со малку брашно, па добро измесете го на работна површина додека да се измазни и стане компактно. Поделете го на 6 топчиња и оставете ги 5-10 минути да одморат.
Со оклагија развлечете ги во тенки кори и пржете ги во масло загреано на умерена температура, додека да добијат златна боја од двете страни. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ:
ПОСТАПКА за рецепт 2:
Во подлабок сад редоследно додавајте состојките како што се наведени и мешајте после секое ново додавање. Замесете компактно, меко и нелепливо тесто. Поделете го на 7 топчиња и оставете ги покриени да одморат 10-тина минути.
Развлечете ги со оклагија во тенка кора (на мазна површина, без додавање брашно) и пржете ги во загреано масло додека да заруменат од двете страни. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ: