Го испрала катранот од белите дробови за само 72 часа: Овој чудесен напиток ќе ве регенерира

Имаме многу интересен и ефикасен рецепт, бидејќи сите оние кои пушат и дишат загаден воздух имаат бели дробови со намален капацитет и во многу лоша состојба.

Меѓутоа, ова решение кое кружи низ социјалните мрежи, може да ве ослободи од проблемот со кашлица и затнати бели дробови.

Пушачите и непушачите би требало да го пијат овој специфичен напиток за да ги елиминираат токсините наталожени во белите дробови, како и вишокот слуз.

Овој уникатен рецепт едноставно го “оживува” респираторниот систем и ги отвора бронхиите.

Потребни состојки:

2 лажици куркума во прав
1 корен од ѓумбир со средна величина
400 г кромид
400 г шеќер (или мед)
1 литар филтрирана вода

Постапка:

Сè што треба да направите е следното: Карамелизирајте го шеќерот, па додадете ја водата и оставете да се раствори и зоврие, а доколку користите мед, него ќе го ставите на крај.

Во меѓувреме излупете го и исечете го кромидот на четвртинки. Исто така, излупете го ѓумбирот и ситно исечкајте го.

Двете состојки додадете ги во водата што врие.

По пет минути, кога водата убаво ќе зоврие, додадете ја куркумата. Намалете го малку огнот и оставете течноста половина да испари.

Штом се преполови течноста (околу половина литар), тргнете го садот и оставете малку да подизлади. Потоа процедете го и додадете го медот. Промешајте додека тој да се раствори. Течноста складирајте ја во стаклено шише или тегла. Чувајте во фрижидер.

Употреба: Секој ден по една ракиена чашка наутро на празен стомак и два часа после оброк, навечер.

Претходна статијаЛек за проширени вени и циркулација– Рецепт според билкарот Мартин Најдовски
Следна статијаШварцвалд пудинг: Фантастичен десерт во чаша