Рецепт и видео прилог на Том Филос: Гибаница со готови кори.

Голем поздрав до сите, ова е уште еден лесен и брз рецепт за гибаница која се приготвува од готови кори. Рецептот за оваа вкусна пита ни го откри нашиот драг Том Филос за читателите на НМД.мк

Потребни состојки:

700 г готови кори
малку масло за премачкување на корите
500 г ситно сирење

за прелив:

5 јајца
малку сол по вкус
500 мл газирана вода
малку масло
околу 100 г путер исечен на коцки – врз питата

Постапка:

На работна површина врз памучна крпа ставете една кора и премачкајте ја со малку масло. Поклопете ја со втора кора и одозгора рамномерно наросете дробено сирење. Кората свиткајте ја во ролат, а потоа исечете ја 6 парчиња. Скалесто наредете ги во тркалезна тепсија, претходно малку намастена.

Повторете ја постапката со сите останати кори: виткате по две кори од кои долната кора ја намастувате, а горната ја филувате со сирење. Кога ќе ја исполните тепсија одозгора прелијте ја со преливот од јајца и наредете мали парчиња путер, вкуспно околу 100 г.

За прелив: изматете пет јајца со 500 мл газирана вода и малку масло (1-2 лажици) и посолете по вкус.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: