Во продолжение може да прочитате два многу вкусни рецепти кои во текот на сезонските настинки и грипови ќе ви овозможат да останете здрави. Доколку ве загребе грлото, посегнете по овие состојки и направете ги двата најмоќни напитоци кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.




Главната состојка на овие напитоци е „каки“ или јапонското јаболкото. Вкусот на овие јаболка повеќе се споредува со кајсии и праски, отколку со класичните јаболка. Јапонските јаболка содржат бројни витамини како А, Ц, Д, Е, К, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, фолати и холин.




Од минерали, јапонското јаболко содржи: магнезиум, цинк, селен, калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, натриум и аминокиселини. Доколку редовно конcyмирате јапонско јаболко, вашиот имунитет ќе зајакне, па ќе бидете поотпорни на виpycи и настинки.




Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко во лекување на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб.




ПРИДОБИВКИ ОД ЧАЈОТ: Го зајакнува имунолошкиот систем, gо заштитува здравјето на очите, му олеснува на дигестивниот систем, против срцеви заболувања, има антиканцеpoгени својства, се користи како превенција на дијабетес, ја подобрува текстурата на кожата.




ПРИДОБИВКИ ОД МЕДНО ОВОШНО МЛЕКО: го поддржува дигестивниот систем. Медот, кој има пробиотски својства, помага да се зголеми бројот на добри бактерии во цревата. Тоа помага да се елиминиpaат проблемите со спиењето. Содржи јаглехидрати и протеини. Ова помага да се зголеми метаболизмот и отпорноста на телото.




Медот и млекото се добри за pecпираторни заболувања. Овој напиток игра важна улога во намалувањето на нивото на нepвоза и cтpec, спречува инфекции во желудникот благодарение на неговите антиоксидантни и антибактериски својства.




Исто така, помага во здрав развој на коските, обезбедува ocлободување од запек, добро е за подобрување на меморијата и концентрација, како и општо за подобрување на когнитивните способности. Покрај енергичното започнување на денот, помага и за зголемување на атлетските перформанси.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧАЈОТ: лушпи од јапонско јаболко, 10 г корен од ѓумбир, неколку листови нане (1-2), 1 лажица мед, вода. ЗА ОВОШНОТО МЛЕКО: 1 јапонско јаболко, половина мандарина, 1 лажица мед, 100 мл млеко (половина чаша).




ПОСТАПКА ЗА ЧАЈОТ: Добро измијте го „каки“ јаболкото и извадете ја лушпата, која ќе ви биде потребна за да го направите чајот. Лушпите ставете ги во еден бокал, па излупете и исечкајте го ѓумбирот. Додајте неколку листови нане. Зовријте вода, колку што ви собира во бокалот (800 мл – 1 литар) и оставете да отстои 5 минути по зовривањето.

Потоа прелијте ја водата во бокалот со останатите состојки и покријте го бокалот. Оставете да отстои 10-15 минути, додека сите состојки да пуштат од своите лековити својства. Процедете и пијте го чајот со 1 лажица мед во текот на денот.

ПОСТАПКА ЗА ОВОШНОТО МЛЕКО: Исечкајте го „каки“ јаболкото на ситни парчиња (што ви остана од чајот), излупете ја мандарината и само искористете ја половината, а другата половина изедете ја. Исечкајте ја мандарината на помали парчиња и ставете го каки јаболкото и мандарината во блендер.

Прелијте со половина чаша млеко и изблендирајте додека да се добие мазна смеса, без поголеми остатоци од овошјето. Напитокот засладете го со 1 лажица мед (излегува 1 чаша) и заменете го појадокот со него, а чајот пијте го во текот на денот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.