Германскиот бизнисмен кој 50 години беше на чело на компанијата ја подари својата компанија на вработените.

Хелмут Шлотерет, успешен германски бизнисмен, крал на модата и мултимилионер, направи потег за кој зборува цела Германија и кој ја изненади јавноста. Тој реши да им ја подари својата модна куќа „Марк Кејн“ на своите вработени.

Вработените добија можност активно да учествуваат во успехот на компанијата и да го утврдат користењето на добивката со своето право на глас. Неговата успешна компанија се наоѓа во провинцијата Баден-Виртемберг.

Шлотерет ги префрли сите акции на своите вработени кои ќе го продолжат производството на женска облека што го направи познат низ цела Германија.

Гардеробата, инаку, е позната низ целиот свет. Шлотерет беше на чело на компанијата половина век. Пред три години му донесе продажба вредна 200 милиони евра. По неколку децении, со компанијата ќе управува нешто како работнички совет, во кој се вклучени сите раководители на секторот.

„Најважно ми е компанијата да е во вистински раце, бидејќи продажбата никогаш не била моја опција, а бидејќи јас и мојата сопруга немаме деца, така решив“, изјави Шлотерет, кој исто така е на листата на Форбс. Прочитајте повеќе ОВДЕ.