„Имам шеесет и нешто години и сакам да живеам сама. Во брак сум од влезена многу млада, на мои 22 години, и сега конечно собрав сили и решив да се разведам и да излезам од бракот на кој си го потрошив поголемиот дел од животот.

Со истиот човек живеам цел живот, со него имав и 3 здрави деца кои фала богу сите си заминаа од дома во потрага по својата среќа. Тоа дополнително ме охрабрува, зашто сите се ситуирани и не морам да се грижам за нив.

Ова се моите причини зошто сакам да го напуштам сопругот и да бидам самохрана жена и тоа на старост, кога обично народот вели дека најмногу си требаат сопружниците. Но, јас имам поинакво мислење од останатите:

Никому ништо не должам во животот. Кога ќе се разведам, нема потреба да се оправдувам за тривијални работи како зошто ги оставив влечките пред врата или зошто не ја затворив вратата од оставата, зошто сум го оставила прозорот отворен.

Повеќе нема да ги перам туѓите валкани чорапи, да готвам супи, да месам колачи… Сега ќе се грижам за себе и за своето здравје и ќе готвам само она што сакам јас да јадам. Нема да морам повеќе да се грижам за тоа каде е мојот сопруг.

Дали се опијанил со пријателите, дали застанал на пиво и седнал пред продавницата и заборавил да се врати дома…Отсега ќе живеам само за себе и за моите деца и внуци. Ќе се посветам на некое хоби и до мене нема да има маж кој ќе ми каже „Луда жено, зошто ти треба тоа, стара си, не ти треба“.

Не сакам повеќе да живеам покрај човек кој ќе ме „потиснува“ пред неговите роднини на секоја прослава, преправајќи се дека ја „испил сета мудрост на светот“, дека е најпаметен од сите, а особено попаметен од мене.

Доста ми е. Чувствувам дека ми останаа уште 10-тина квалитетни години во животот и сакам да ги поминам сама и слободно“, вели оваа жена во нејзината искрена исповед.

Што би ја советувале Снежана? Дали нејзиниот чекор е исправен?