Лекарите тврдат дури 40% од жените не ги менуваат гаѓите доолно често, па затоа предупредуваат на опасностите кои ги носи лежерниот пристап кон хигиената. Ако и вие спаѓате во групата на жените кои носат исти гаќи по неколку дена, со тоа ризикувате да го нарушите своето здравје.

Лекарите препорачуваат долната облека да се менува секој ден, а ако сметате дека тоа е непотребно, го ризикувате следното:

1.Ќе ви се појави јадеж на кожата

Со текот на времето гаќите започнуваат да собираат бактерии кои со триење и постојан контакт се пренесуваат на чувствителната кожа од интимниот дел. Поради тоа доаѓа до јадеж.

2.Осип на задникот

После јадежот може да се појави осип кој се шири на задникот. Ако се чешате, бактериите ги напаѓаат тие места, па се јавуваат ранички, а осипот и натаму се шири.

3.Се менува мирисот на вагината

Не, обично не би требало така да мирисате „таму долу“. Ако доволно често не ги менувате гаќите, може да добиете „рибен“, слаткаст мирис.

4.Може да дојде до габична инфекција

Кога ќе се измешаат пот и бактерии, тоа е одлична подлога за габичките. Испуштаат непријатен мирис, белузлав исцедок и јадеж.

5.Може да дојде до инфекција на уринарните патишта.

Кога бактериите ќе доспеат до уринарните канали, може да дојде до непријатно и болно вопсление на уринарните патишта. А тоа значи – пеколни болки при мокрењето.