Кандида е квасна габа која во мала количина ја имаме сите во нашето тело. Нејзино природно живеалиште е нашата уста и цревата. Нејзина задача е да помогне во варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи, но кога ќе се размножи премногу, кандидата преминува преку ѕидот на цревата и продира во кр-вотокот, ослободувајќи притоа о-тро-вни нуспродукти.

Тоа може да доведе до различни здравствени состојби, од дигестивни па дури и психолошки. Ако сте забележале симптоми од кандида, треба веднаш да започнете со лекување…Во продолжение можете да го прочитате искуството на наша читателка, кој лек таа го употребила и како дошла до решение на својот проблем.

„Здраво почитувани читатели на НМД.мк, би сакала да споделам еден ефикасен лек или третман, како сакате наречете го, кој мене многу ми помогна пред многу години. Имено, јас веќе со години имав проблем со габична инфекција и никако не можев да се ослободам од неа. Со сопругот тогаш бевме во брак веќе пет години и заедно имавме пробано што-ли-не.

Речиси секој месец користев најмалку 2 пакувања ваги-налети откако ќе ми завршеше циклусот, но инфекцијата повторно ми се враќаше. Со сопругот пиевме и по една капсула за чистење на кандидата, но повторно, по неколку месеци таа ме напа-ѓаше.

Ми велеа дека поради тоа што сум јадела благо сум имала кисела рН вредност на слузокожата, но не јадам многу повеќе благо од другите жени за да имам ваков проблем. Веќе станав очајна и за овој проблем почнав отворено да разговарам со моите најблиски пријателки и да барам спас.

Тогаш, една од пријателките ми понуди да отидам кај нејзиниот гинеколог, кој бил повозрасен речиси пред пензија, но со големо искуство и ефикасен во лекувањето. Нејзе успешно и нашол решение за полицистичните јајници кога сите други доктори дигнале раце од неа.

Се решив и отидов кај новиот гинеколог. Срдечно ме пречека, ме сослуша и ме прегледа. Тогаш ми го даде овој непроценлив совет:

Секој ден кога ќе се туширам, да си ин-јек-тирам со шприц раствор од вода и сода бикарбона. Пробав и уште веднаш имаше резултати. Исчезна црвенилото, исцедокот се повлече, слузокожата ми заздраве. Оттогаш се изминати многу години и веќе немам проблем. Овој третман си го практикувам повремено, по потреба, а на почетокот го користев редовно, секој ден.

Потребни состојки: 1 лажичка сода бикарбона, 1 чаша млака вода, 1 шприц и 1 пластична чаша од тврда пластика

Постапка: во чаша со млака вода ставете една полна лажичка сода бикарбона и размешајте за да се раствори. Ставете ја чашата (јас користам пластична чаша за да не ми се скрши случајно во кадата) на згодно место во бањата за да можете да ја употребите при туширањето.

Со шприцот ин-јек-тирајте и направете еден вид испирање (иригација). Кандидата не може да преживее во базна средина и сода бикарбоната ја у-би-ва, односно го регулира нејзиното размножување. Но, треба да се внимава откако ќе се постигне рамнотежа, таа да се одржува и да не се претерува ниту со базноста. Се користи по потреба. Се надевам дека некому ќе му помогне ова едноставно решение кое мене ме спаси од маката.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Vesna Dimitrieska: „Ова ми го кажа доктор Таше плодност Битола светски гинеколог го почитувам респект …И водата да зоври после сода бикарбона и КОГА Е МЛАКО СО ШПРИЦ ЧИСТИ СÈ…”

Коментар: „Точно е, а уште подобро е ако е чај сварен од камилица, процеден и во него да ставиш сода бикарбона“

Коментар: „Точно, и јас го имам користено со посебна пумпа препорачана од гинеколог и навистина е успешно“

Коментар на Т.К.: „Постои специјална направа за интимна хигиена која ја користам веќе 10 години и се вика ИРИГАТОР…посебно купувам кесички со специјален раствор кој се меша со млака вода, се става во иригаторот и се прават промивките…“

Како добиваме инфекција од кандида и кои се симптомите?

Здравите бактерии во стомакот обично го одржуваат нормалното нивото на кандидата. Меѓутоа, неколку фактори може да предизвикаат нејзино прекумерно размножување: ако во големи количини јадете храна богата со јаглени хидрати и рафиниран шеќер (со кој се храни кандидата);

Потоа, од консумирање на премногу ал-ко-хол; користење о-рални кон-тра-цептиви; ако јадете храна богата со ферментирани материи (комбуха, кисела зелка и кисели краставички) која иако е многу здрава и неопходна за здравјето на микрофлорота, понекогаш, ако се претерува, може да дојде до дисбаланс; ако живеете многу стресен живот; ако долго консумирате антибиотици.

10 СИМПТОМИ ЗА ПРЕВИСОКО НИВО НА КАНДИДА

Еден од симптомите е габична инфекција на кожата, ноктите и стапалата; хроничен замор и фибромијалгија; дигестивни проблеми: подуеност, опстипација или дијареа; автоимуни болести: Хашимото, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, лупус, псоријаза или мултипла склероза;

Потоа, потешкотии со концентрација, лошо памтење и слични проблеми; кожни проблеми: екцем, псоријаза и осип; психолошки состојби: раздразливост, чести промени во расположението, анксиозност или депресија; ваги-нални инфекции, инфекција на уринарниот тракт, ректален или вагинален јадеж; тешки сезонски алергии или јадеж на ушите; силна желба за консумирање шеќер и јаглени хидрати.

Како се прави тест за кандида?

Ако кај вас постојат симптоми за постоење на прекуемерен раст на кандидата, треба да го проверите нивото на IgG , IgA i IgM антителата. Ова се проверува лабораториски.

Тест на столица. Многумина сметаат дека ова е најпрецизниот тест на располагање и дека прво треба тој да се направи ако постојат симптоми. Со овој тест се проверува нивото на кандида во дебелото црево и во стомакот. Лабораторијата обично може да го утврди видот на габата, што е многу важно за ефикасно лекување.

Тест на урина: Овој тест го детектира отпадниот производ на кандидата познат како D- Arabinitol. Зголеменото ниво укажува на присуство на инфекција со кандида. Овој тест одредува дали постои кандида во горниот стомак или во тенките црева.

Како се лекува кандида?

Ефикасно лекување на кандида вклучува запирање на размножувањето, обновување на добрите бактерии кои кандидата обично ја држат под контрола и го лекуваат стомакот, така што кандидата повеќе не може да навлезе во кр-вотокот.

Елиминирањето на кандидата пред сè бара промена во исхраната и консумирање на намирници со ниска содржина на јаглени хидрати. Шеќерот е она што ја храни кандидата, па елиминацијата на шеќерот во сите свои едноставни облици, како колачи, закуски, ал-ко-хол и брашно – го спречува размножувањето на кандидата и појава на симптоми.

И намалувањето на само една шолја дневно на јаглехидрати како што се житариците, грав, овошје, леб, тестенини, компир – ќе спречи прекумерниот раст на кандидата. За нејзина ели-ми-нација и на сите непријатни симптоми се препорачува и одбегнување на сите ферментирани намирници.

Диетите против кандида треба да се користат додека да исчезнат сите симптоми, бидејќи само тогаш можеме да бидеме сигурни дека е под контрола. Како радикална терапија против кандида се користат антигабични лекови како што се Дифлукан или Нистатин во време траење од еден месец или подолго, по препорака на лекар.

Доколку повеќе преферирате природно лекување може да земете каприлна киселина. Каприлната киселина потекнува од кокосовото масло и во суштина создава дупки во ѕидот од клетките на квасецот, предизвикувајќи нивна с мрт.

Некои луѓе исто така, користат билки и масла како што е маслото од диво оригано, кое е многу ефикасно во борбата против кандида. Антигабичните лекови и каприлната киселина се многу специфични и не ги у би-ваат добрите бактерии.

Кога ќе исчезнат сите симптоми од кандидата, мора да се обнови бројот на корисните бактерии кои најдобро го одржуваат нејзиното ниво под нормала, па за таа цел треба секојдневно да се консумираат пробиотици (од 25 до 100 милијарди добри бактерии на единица пробиотик).