Го приготвив овој одличен рецепт, а цел стан ми мириса неодоливо…Вкусни и брзи фритули. Рецептот потекнува од детстката градинка на нашата драга тетка Мирјана и за тоа сум и многу благиодарна, како и за многу други прекрасни колачи. Децата многу, многу ги сакаат!

Потребни состојки: 400 мл јогурт, 2 јајца, 2 ванилин шеќер, малку сол, 2 лажици шеќер, 20 лажици меко брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажица ракија, масло за пржење (најдобро е да биде длабоко маслото, сами се вртат)

Постапка: замесете ги сите состојки, да се добие мазна смеса. Доколку сметате дека смесата е ретка (ако се разлева низ лажицата) слободно додајте уште некоја лажица брашно.

Вадете со лажица (со помош на уште една лажица или со помош на прстите одвојувајте ги) од смесата и пржете во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело! Штом заруменат (а тоа е брзо), свртете ги на другата страна и оставете да се испржат до крај.

Ако ги пржите во длабоко масло каде убаво пливаат, тие ќе започнат само да се вртат. Вадете ги во сад во кој на дното сте подметнале хартиена салветка за да го впие вишокот маснотија. Наросете со шеќер во прав и наросете. / сoolinarika.mk Прочитајте го и следниот рецепт за фритули за кој има и видео презентација.

Најубавиот рецепт за фритули со трикчиња – меки како памук, се топат во уста. Ова е еден од најдобрите рецепти за фритули, излегуваат навистина меки како памук и многу вкусни.

Потребни состојки: 360 г остро брашно, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 1 лажица ванилин шеќер, 360 г грчки јогурт или кисела павлака, ½ лажичка сол, 2 лажички прашок за печиво, 1 лажица рум, ½ портокал – рендана кора, ½ лимон – рендана кора, 700 мл растително масло за пржење, шеќер во прав и 100 г бело чоколадо

Постапка: Двете јајца заедно со две лажици шеќер и една лажица ванилин шеќер изматете ги со жица за матење околу две минути. Потоа додадете 360 г (една чаша) кисела павлака, половина лажичка сол и повторно промешајте.

Потоа додадете просеано брашно и прашок за печиво, една лажица рум и матете за да добиете убава мазна смеса. Додадете го остатокот од брашното (вкупно 360 г) и изматете уште еднаш со жицата. Во оваа смеса додадете ситно изрендана кора од портокал и кора од лимон.

Маслото ставете го во длабоко тенџере и загрејте го на 180 степени (на умерен оган). Со раката црпнете од тестото, па преку дупчето што го формираат палецот и свитканиот показалец истиснете топче кое ќе го откинете со навлажнето лажиче (лажичето претходно натопете го во вода).

Топчето спуштете го во загреаното масло. Постапката е најдобро да ја видите во видеото кое ќе го најдете на крајот од рецептот. На ист начин направете ги сите фритули.

Лажичката секојпат натопувајте ја во вода пред да црпнете ново топче. Со решеткаста лажица вртете ги фритулите за рамномерно да се испржат, па вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишкот маснотија.

На крај наросете ги со шеќер во прав и 100 г бело чоколадо растопено на пареа. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Погледнете ја галеријата со фотографии: