Според Фенг шуи филозофијата, овој метод на чистење на домот му овозможува добра и позитивна енергија која ќе им донесе здравје и напредок на сите во семејството.

Чистите и испрани подови не се само најдобар начин за ослободување од нечистотијата, прашината и бактериите, туку овозможуваат исто така, пријатна и здрава атмосфера во станот.

Ништо помалку важна не е ниту самата енергија на куќата, која исто така, според оваа филозофија, треба периодично да се обработува. За оваа цел се практикува древниот ри-туал за чистење на подот со сол.

Солта овозможува да исчезне прашината од подот, но исто така ќе обезбеди и добра аура на просторијата, особено ако дошло време во домот да се врати мирот, хармонијата, среќата и бериќетот.

Зошто треба куќата да се исчисти со сол?

Миењето на подовите со додаток на обична кујнска/морска сол за чистење на станот или куќата е потребно кога: децата често настинуваат; имате честа несоница или возне-мирувачки соништа;

Потоа, собните билки не растат или овенуваат; електричните апарати се расипуваат; неодамна некој умрел во станот; постојано има недостиг на пари; исчезнуваат работи од домот…

Исто така, ќе знаете дека дошло време да се исчистат подовите со сол, кога семејните односи помеѓу мажот и жената се вло-шуваат, децата стануваат не-послушни, домашните миленици уми-раат или заталкуваат.

Пред да започнете го започнете методот за чистење на подовите со сол, од домот мора да се исфрли ѓубрето и сите непотребни работи кои го гу-шат просторот. Се смета дека сите работи кои ниту еднаш не сте ги искористиле подолг период, привлекуваат негативна енергија.

Тоа го спречува влезот на среќата и просперитетот во домот. Значи, крајно време е да се ослободите од старите алишта, износени обувки, скршени/напукнати работи, распар чорапи и слично…

Исперете ги завесите и измијте ги прозорите – тоа ќе ви помогне да се стекнете со нов начин на согледување на животот и да забележите кои работи претходно поминувале покрај вас незабележливо.

Исчистете го шпоретот и секогаш чувајте го уредно, бидејќи според оваа филозофија, тој го претставува богатството во домот. Секогаш чистете со позитивен став, замислувајќи си како со сметот и нечистотијата од домот ги исфрлате и болеста, сиро-маштијата и неволјите.

ПРАВИЛА ЗА ЧИСТЕЊЕ СО СОЛ:

Во голема канта ставете 10 литри вода и 1 полна супена лажица обична кујнска (или морска) сол. Потоа отворете ги прозорците, бидејќи тоа ќе овозможи замена на енергијата: лошата си заминува, а добрата енергија влегува.

Крпата натопувајте ја, па добро исцедете ја во кантата со вода и сол, па потоа внимателно пребришете ги сите површини како што се: полици, маси, електрични уреди, брави, кваки, врати итн.

Ако имате тепих и помали стази, наросете сол врз нив, оставете околу еден час, а потоа поминете со правосмукалка. Водата што ќе ви остане во кантата истурете ја во канализација или некаде далеку од куќата.

Солта што ќе ја купите за таа намена (за чистење на домот) секогаш чувајте ја на одредено место и никогаш истата не ја користете и за солење на храната, гласи советот според фенг шуи.

После чистењето соблечете ја облеката која сте ја носеле, исперете ја, а вие истуширајте се. Бидете сигурни дека овој метод ќе ја изб-рка негативната енергија од вашиот дом.

Ако не можете ова да го спроведувате еднаш неделно, тогаш правете го барем месечно. Во водата со солта може да додадете и неколку капки од вашето омилено етерично масло.

Фенг шуи или фенг шуеј е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Зборовите „фенг шуи“ буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски.